Написи тагирани со хакер

110 написи
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Хак-атак/Приватност

18-годишен хакер уапсен бидејќи крадел песни од Лејди Гага и Тимберлејк

Германскиот тинејџер Денис, познат по алијасот DJ Stolen, е осуден на 18 месеци притвор откако бил фатен дека краде песни од познати ѕвезди како Лејди Гага, Џастин Тимберлејк, Леона Луис, Кеша и Мараја Кери.

5 коментари Прочитај 17 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Кина негира дека пробивале Gmail профили на американски службеници

Кампањата со spear phishing и злонамерен софтвер, која ги таргетирала американските службеници, кинески активисти и службеници од азиски земји кои користат Gmail, потекнува од Џинан, град во Кина. Но, Кина негира дека е вмешана во пробивањето на Gmail сметките, додека ниту Google nе ја обвинува Кина бидејќи е лесно да се замаглат трагите на Интернет.

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Гневен информатичар во штрајк го сруши pravda.gov.mk?

Сајтот на Министерството за правда за кратко време беше недостапен. Од pravda.gov.mk кој сега функционира велат дека се работело за технички проблем кој е поправен. Но, по друштвените мрежи се појавува информација од информатичар кој тврди дека тој им го срушил сајтот бидејќи е гневен на начинот како се вработуваат политички кадри, а не професионалци.

19 коментари Прочитај 26 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Хак-атак/Приватност

.мк phishing измама

Македонските Facebook корисници се мета на таргетирана локална phishing измама. Корисниците преку хакнати профили на нивните пријатели се водат до страна - http://www.jesjes--slike.tk/ која наликува апсолутно на Facebook со порака „логирај се има твои слики тука“. Целиот текст е напишан на македонски, а ако се обидете да четувате со хакнатиот пријател ќе добиете одговор на македонски бидејќи разговарате со локален black hat хакер зад профилот.

10 коментари Прочитај 6 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Хакер ја проби Европската вселенска агенција, објави лозинки и FTP сервери

Европската вселенска агенција (ESA) ги смени сите свои кориснички имиња и лозинки, откако претходно романскиот хакер TinKode објави имејл адреси и лозинки од агенцијата.

0 коментари Прочитај 18 април, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Хак-атак/Приватност

Политички сајбер криминал или пак самоволие на ирански хакер?

Иран против Америка? Или пак само способен и искусен хакер кој си има свои причини? Украдените дигитални сигурносни сертификати кои се користат за онлајн трансакции во сопственост на Google, Microsoft, Skype и Yahoo, иранскиот хакер вели дека успеал да ги пробие сам, наоѓајќи слабост во системот, негирајќи ја поврзаноста со иранската влада.

0 коментари Прочитај 28 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Хак-атак/Приватност Хардвер

Поблиску до иднината со хакнат Kinect

Откако Microsoft ги објавија софтверските алатки кои можат да ги искористат хакерите за да најдат нови употреби на Kinect, се е поголем бројот на интересни идеи кои не водат поблиску до иднината.

0 коментари Прочитај 15 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Хак-атак/Приватност

Google Chrome и Mozilla Firefox го преживеаа Pwn2own

Иако официјално натпреварувачите кои требаа да ги предизвикаат прелистувачите не се појавија на натпреварот, правилата си се правила, и Google Chrome и Mozilla Firefox се прогласени за непобедени на Pwn2own. Ова е трет пат по ред Google Chrome да не биде компромитиран на Pwn2own, а првпат за Mozilla Firefox.

0 коментари Прочитај 14 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Софтвер Хак-атак/Приватност

Safari падна за 5 секунди на Pwn2own

На хакерскиот Pwn2own напревар Safari падна за изнанадувачки 5 секунди, земајќи му го приматот на IE како прелистувач кој си има традиција на најбрзо паѓање. Pwn2own e натпревар за хакерски вештини кој се фокусира на веб прелистувачи и мобилни уреди. Целта е сигурносните експерти успешно да ги компромитираат, и за тоа освојуваат парични награди, а компаниите ги учат своите слабости.

4 коментари Прочитај 10 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб Мобилни

Хакери го стартуваа се уште необјавениот музички сервис на Google

Хакери од XDA-Developers форумот користејќи рутирани Android телефони успеаја да го стартуваат се-уште- необјавениот Google-ов музички сервис за синхронизирање на музиката со облакот.

2 коментари Прочитај 8 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Хак-атак/Приватност

Како Крис Путнам го нападна Facebook со вирус и за тоа доби работа

Крис Путнам е познат по тоа што напиша компјутерски вирус со кој го хакна Facebook правејќи ги страните да изгледаат како Myspace профилите. Наместо да му се налутат и да реагираат, Facebook тогаш воспостави контакт со него и на крај го вработи како инженер. Подолу е дел од приказната раскажана од самиот Путнам на Quara сајтот за прашања и одговори.

1 коментар Прочитај 22 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Друштвени мрежи Софтвер

HackerBuddy, помогни и добиј помош од другите програмери

HackerBuddy е едноставна апликација која има пријателски намери. HackerBuddy е сосема нова апликација која работи на принципот на „спарување" на двајца програмери/хакери кои можат да си помогнат еден на друг.

1 коментар Прочитај 10 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Anonymous ги сруши египетските владини сајтови

Контроверзната група на интернет активисти Anonymous со DDoS напади ги сруши египетските владини сајтови порачувајќи му на претседателот Мубарак дека треба да си оди и испраќајќи порака кон египѓаните дека „тие [anonymous] се со нив“.

0 коментари Прочитај 3 февруари, 2011
Редакција
1
Новица Наков ИТ.МК Свет

Отворен повик за хакери

Хакерската заедница направи многу, но предизвиците се сé поголеми, потребно е поголемо и пошироко ангажирање. Вака би го парафразирал Роп Гронгеп – хакер-ветеран и еден од основачите на легендарниот XS4ALL – во еден твит, како сиже на неговиот говор на отворањето на овогодинешниот, дваесет и седми по ред Chaos Communication Congress. Има одредена почит кога […]

7 коментари Прочитај 3 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Пробиен Gawker Media, објавени 1.3 милиони кориснички имиња и лозинки

Хакерска група со име Gnosis ги проби Gawker Media, сопственици на познатите ИТ блогови Lifehacker и Gizmodo, како и други сајтови, објавувајќи ги лозинките и мејловите на основачот Ник Дентон, податоци за уредниците на сајтот, FTP логирања, 4 GB од чет логови! и уште 1.3 милиони кориснички имиња и лозинки на луѓето кои коментирале на сајтовите. Објавен е и основниот код на новиот CMS на Gawker, кој заедно со лозинките е спакуван во 500 MB торент фајл закачен на Pirate Bay.

3 коментари Прочитај 13 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хак-атак/Приватност

Хакери го срушија сајтот на Mastercard како одмазда за Wikileaks

<Надополнето 09.12.10>Сајтот на Mastercard повторно функционира после скоро 24 часа. <надополување>Сајтот на MasterCard е под DDoS напади од активистичка хакерска група која сака да ја одмазди Wikileaks, сајтот кој објави куп доверливи дипломатски документи.

9 коментари Прочитај 8 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Интервјуа

Закерберг за Facebook, хак-маратони и новитe профили

Марк Закерберг во интервју за „60 минути“ објасни дека низ целата Facebook канцеларија се појавува зборот „хак“ и се одржуваат „хак-маратони“ затоа што, Закерберг вели, „да кажеш некого хакер е комплимент, хакнување за инженерите значи да се промени нешто за многу брзо време, за еден вечер да смениш многу линии код и на крај да добиеш продукт“.

2 коментари Прочитај 6 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хак-атак/Приватност

Кина го хакнува САД уште од 2002, oткрива Cablegate

Меѓу 250-те илјади доверливи дипломатски документи на САД, објавени од страна на Wikileaks, е и документ кој ја обвинува Кина за хакнување на компјутерските системи на aмериканската влада, нивните сојузници и американските бизниси, меѓу кои и Google кој во јануари остро реагираше за хакот што таргерираше уште 50-тина ИТ компании, велејќи дека ќе ја тргне цензурата од својот пребарувач во Кина.

0 коментари Прочитај 29 ноември, 2010
Мени
Заедница
Изглед
To top