18-годишен хакер уапсен бидејќи крадел песни од Лејди Гага и Тимберлејк

5 коментари 1 мин. читање

Осудата е за прекршување на авторски права и крадење на лични податоци бидејќи во период од 2009-та до 2010-та пробивал компјутери на издавачи и на ѕвездите и им ги крадел необјавените нови песни, и приватни фотографии од компјутерот на Кеша, кои подоцна ги продавал. DJ Stolen заработил околу 15.000 евра.

Тинејџерот, кој очигледно имал хакерски вештини, користел phishing имејлови и Trojan вируси да прибира информаци и да ги украде песните. Бил фатен откако издавачите од Британија и Германија веделе дека голем дел од песните се пуштаат пред воопшто да бидат објавени.

За време на судењето, тинејџерот прати извинување до Лејди Гага велејќи:

„Драга Лејди Гага, посрамотен сум од тоа што го направив. Не мислев за последиците.“

Според германскиот судија, тинејџерот бил воден повеќе од „желба за препознавање, отколку што имал криминални намери“.

(Via BBC)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед