На официјалниот блог на PlayStation, Патрик Сејболд, сениор директорот на Sony PlayStation вели дека меѓу 17-ти и 19-ти април приметиле нелегална активност на мрежата и додаде дека неовластени лица имаат дојдено до пристап на следниве информации на корисниците: име/презиме, град, држава, имејл, датум на раѓање, PSN/Qriocity логин и лозинка, и PSN online ID. Во истата изјава се вели дека не е исклучена можноста неовластеното лице да има дојдено и до податоците на кредитните картички на луѓето кои имаат купувано игри преку PlayStation Network и Qriocity.
Се советуваат корисниците во следните неколку месеци да внимаваат на нивните банкарски сметки за нелегални/чудни активности, да не одговараат на мејлови, телефонски повици и поштенски писма во кои се бараат доверливи информации поврзани со PlayStation Network.
„Sony нема да ве контактира било како, вклучувајќи го и имејлот, за да ве праша за бројот на вашата кредитна картичка, матичен број или други информации за лично идентификување.“, предупредува Sony.
Лош потег од страна на Sony е што чекаа цела недела да ги известат нивните корисници дека им се има случено огромен сигурносен пропуст на кој целта на нападот се над 77-те милиони корисници на PlayStation Network.
[…] при играњето беше скоро непостоечка. Се започна со нападите на PlayStation мрежата, Sony скоро цела година гасеа „пожари“ во нападнатите […]
[…] Украдените податоци се од PlayStation Network мрежата која неодамна беше пробиена и беа компромитирани личните податоци на околу 70 […]