Политички сајбер криминал или пак самоволие на ирански хакер?

Хакерот вели дека сакал да се одмазди на САД и Британија заради Stuxnet црвот кој беше најден во иранските нуклеарни централи.

Постојат сомневања дека за нападов стои иранската влада за да се дестабилизираат онлајн трансакциите и да се создаде недоверлива слика за онлајн сигурноста. Хакерот пак, во овој негов пост на Pastebin, ги демантира тие обвинувања, и вели дека е „еден хакер со искуство на 1000“. Хакерот вели дека пробувал да го хакне SSL протоколот и дека тогаш открил слабост во InstantSSL.it, па ја искористил.

Нападите се потврдени од Microsoft и Comodo. Comodo вели дека нападите се откриени на 23 март, а осум дена претходно непознат хакер превзел девет лажни сертификати за Hotmail, Gmail, Skype и Yahoo Mail. Хакерот исто така украл сертификати за додатоци на Mozilla Firefox.

Параноичните предпоставки продолжуваат да се шират, иако хакерот одрекува било каква поврзаност со иранските хакерски групи или пак нивната влада. Comodo сепак вели дека „веруваат дека овие напади се политички мотивирани, спонзорирани од државата.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments