Гневен информатичар во штрајк го сруши pravda.gov.mk?

19 коментари 2 мин. читање

„Немав избор, морав да го бутнам серверот бидејќи посебните кадри ги оставаат без работа, ги бркаат надвор од земјата, а нивните пријатели ги вработуваат.“, вели 37-годишниот софтверски инженер Ивица Ѓорѓиевски.

Ивица тврди дека по втор пат влегува на сајтот на Министерството за правда. Не сака да го открие методот како го пробива, но вели дека влегувал и во други сајтови на институции. Ивица вели дека неговите слики и видеа се веродостојни и се понуди на Министерството да го викнат и да им ги покаже пропустите на сајтот.

За моменталната недостапност на pravda.gov.mk и од МВР велат дека се работи за технички проблем. Од таму велат дека претходно, пред некој месец, имало дифејс на страната, во процес е истрага која ќе го идентификува пробивањето.

Според безбедносната лабораторија Zero Science Lab, сликите и видеата објавени од Ивица не објаснуваат детали кои ќе го потврдат пробивањето. Според видеата, ZSL се сомнева во DNS Poisoning како можен метод, иако без логовите не би можеле да потврдат дали имало воопшто пробивање и кој конретен метод е искористен.

Во својот гнев Ивица вели дека „Македонија би можело да ја погоди информатичко цунами во Македонија“ бидејќи „никој не е безбеден, може да се бутне цела Македонија од некој со лоши намери“.

Во моментот во Македонија не постои CЕRT тим за брзо реагирање при можни пробивања на .gov.mk сајтови, иако од Министерството за информатичко општество најавија формирање на таков тим уште во август 2008-ма. Очекуваме изјава од МИО за конкретните планови за формирање на таков тим, кој и те како е потребен.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

19 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top