Бидете внимателни со добивање линкови од пријателите. Ако почетното URL на страната не е www.facebook.com туку некој чуден домен тогаш не кликајте, иако личи како Facebook страна. Phishing измамата има цел да ве излаже дека сте на Facebook и при логирање да ги земе вашето име и лозинка, бидејќи ги впишувате на страната.
Доколку сте добиле phishing порака сменете си ја лозинката веднаш!
Ова го дознав откако пријателка започна чет споделувајќи ми го линкот што е нетипично за неа. Дополнително не ми зборуваше на кумановски дијалект што беше исто така чудно. Еве како изгледаше разговорот. Хакерот беше срамежлив да открие колку лозинки собрал до сега, но сподели дека некој му плаќа за phishing-от.



Коментари
10 коментари
Коментарите се затворени.