0 коментари 1 мин. читање

Хакер ја проби Европската вселенска агенција, објави лозинки и FTP сервери

TinKode на својот блог ги објави сите FTP адреси, лозинки на администраторите и корисниците, кои TinKode ги сокри пред објавување на документите, како и информации за серверите кои се користеле за споделување на податоци од сателитите. Но, ниту тој ниту ЕSA не објавија како е направено пробивањето.

Хакерот, чии претходни мети биле Sun Microsystеms, американската војска и морнарица, Kaspersky Portugal и NASA, пишува дека им пратил имејл на ESA да ги информира за пробивањето, кое како што дознава Softpedia, е со цел да се прослави годишницата од безбедното враќање на Земјата на екипажот од Apollo 13 во април 17-ти, 1970 година, откако не успеале да слетат на Месечината.

„Иако овој пробив ги зафати само јавно достапните FTP сервери, не е добро што се случи и затоа ќе ја стегнем безбедноста.“, вели ESA.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top