Отворен повик за хакери

во ИТ.МК, Свет

Хакерската заедница направи многу, но предизвиците се сé поголеми, потребно е поголемо и пошироко ангажирање. Вака би го парафразирал Роп Гронгеп – хакер-ветеран и еден од основачите на легендарниот XS4ALL – во еден твит, како сиже на неговиот говор на отворањето на овогодинешниот, дваесет и седми по ред Chaos Communication Congress.

Има одредена почит кога ќе кажете „хакер“ во Холандија и Германија на ваквите големи конференции. Зборот го нема она медиумско-сензационалистичко значење, какво што сме навикнати да го читаме или слушаме дома. Ова се луѓе кои се добри со компјутери, но ова се исто така луѓе кои значајно придонеле во многу аспекти во средината каде што живеат и работат: слободата на говорот или печатот, приватноста, правата на корисниците на интернет, во физичкиот свет кој сѐ повеќе е изложен на дигиталните технологии и така натаму – од што корист имале цели градови, држави, општества.

Нема подобро објаснување на хакирањето од „игриво проучување на системи што другите луѓе ги земаат здраво за готово“, а под „системи“ не се подразбираат само компјутерските системи. Последен пример за ова се серијата предавања на теми општество, култура и заедница што се одржаа на 27c3.

Но, овој текст не е за странските хакери. Дигиталниот пејсаж на денешницата ќе биде (веќе е?) исполнет со државни решенија што ги водат, чуваат и архивираат нашите лични и трансакциски податоци, како и историјата на предметите, споровите и услугите кои сме ги побарале или добиле и компании кои прибираат податоци од нашето секојдневно сурфање, кои ги продаваат, разменуваат, користат за да испорачаат подобрено потрошувачко искуство.

Ова ги засега сите. Како што вели Брус Стерлинг во Wired, пред речиси 5 години: „Можеби не сте заинтересирани за војната за дигитални права, но тоа не значи дека го имате луксузот да бидете на страна, бидејќи другата страна е мошне, мошне заинтересирана за вас.“

Останува да видиме колкумина од нас ќе се зафатат со проучување на овие системи и нивно менување така што тие ќе станат поблиски на вредностите за слободата, транспарентноста, отвореноста. Во Скопје веќе имаме хаклаб каде што чат-пат проучуваме по нешто, но „ние“ можеме да се изброиме на прсти. Тоа што можеби сме незапознаени со постоењето на други луѓе или групи не значи дека нив ги нема, иако тешко е да се задржи оптимизмот по едногодишното постоење на КИКА.

Предавањата на конференциите како 27c3 одеднаш и на широко отвараат премногу прашања веројатно за сите што не се во центарот во случувањата. Во следните денови, а можеби, со малку среќа, и сѐ до 28c3 ќе се обидеме да пренесеме доволно од тие искуства дома. Придружете се.

(Тука се видеа од сите говори од 27c3, а повеќе импресии на ССМ тимот кој беше на конференцијата на блогот Сподели знаење)

Во Берлин, 3.1.2011 Благодарност до @gdamjan и @igor_stama за коментари и забелешки.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
7 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@macstr1k3r
11 years ago

Мислам дека линков треба да се додаде во текстов и да се реобјави како надополнување. http://novica.softver.org.mk/node/567

IT.com.mk
Admin
11 years ago
Reply to  @macstr1k3r

Текстот е објавен т.е линкан во текстот за Википедија, каде што и беше презентиран. http://it.com.mk/srekjen-10-ti-rodenden-vikipedij

@arangel
11 years ago

http://www.hacklab.sk/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0

исто и на spodeliznaenje.blogspot.com го има линкот (блогот е рефернциран во текстот).

Глиша
Глиша
11 years ago

https://groups.google.com/group/spodeli-prostor?l

Сподели простор.

ФорСхаплесс
ФорСхаплесс
11 years ago

КОнтакт слабо Ч-)

Владо
Владо
11 years ago
shapeless
shapeless
11 years ago

Како може да се оствари контакт со дечкиве ? Email, телефонот.. нешто ?