Anonymous групата, неврзана група на анонимни интернет активисти, е позната по својот интернет активизам против сциентолошкото движење, и од неодамна по срушување на сајтовите на Visa и MasterCard како поддршка за Wikileaks.
Познато е дека Anonymous групата себеси се гледа како „бранители на Интернет“, на основното право на пристап до информации, па најверојатно египетското владино блокирање на пристапот до мрежата на протестантите го привлече гневот на интернет активистите кои најавија дека срушувањето на владините сајтови е само дел од поширока кампања за поддршка на протестите против египетскиот претседател Мубарак.
Internet in #Egypt is up. Why isn’t Mubarak’s site? Because we do not forgive, We do not forget. Egyptians, Hang in there, we are with you.