Кина негира дека пробивале Gmail профили на американски службеници

„Преку силата на нашата облак безбедност и пробивање на систем за детекција, откривме кампања која собирала кориснички лозинки, најверојатно преку phishing.”, вели Google на својот блог.

Според Google, „целта на овој обид е да се набљудува содржината на корисничките имејлови“, а имало и обиди со да се промени преусмерувањето на имејл пораките, за кое што постои опција во Gmail да се направи тоа автоматски.

Google и американските власти велат дека ниту еден профил не е пробиен, додека кинеските власти, кои се главни осомничени, велат дека е „неприфатливо“ да се обвинува Кина.

„Хакирањето е интернационален проблем и Кина е исто така жртва. Овие тврдења за, таканаречена, поддршка за хакирање се комплетно неосновани и имаат заднински мотиви.“, изјави порпаролот на кинеското Министерстрво за надворешни работи, Хонд Ли.

Минатата година Google откри сериозно пробивање во својот систем со потекло од Кина, по што следеа тензични месецеи кога интернет компанијата се закануваше дека ќе ја тргне цензурата од својот кинески пребарувач.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk