Пред неколку дена, Mastercard заедно со Visa одбија да ги спроведуваат донациите за Wikileaks. Сега Mastercard заедно со Visa, PayPal, Amazon и други сервиси кои одбија да го опслужат Wikileaks станаа мета на хакерската група Anonymous од контроверзниот 4chan форум.
Групата претходно го сруши за 16 часа сајтот на Швајцарската пошта која му ја затвори сметката на г. Асанж, но не успеа со нападите врз PayPal на кој му го срушија само блогот. И двата сајтови сега функционираат.
„Сите сајтови кои ја наведнуваат главата под притисок од властите се мета.“, вели хакерот Coldblood од Anonymous за Arstechnica.
Oбјавен е и постер за „Операција: Одмазда за Асанж“ кој повикува кон активизам: да се започне со DDoS апади кон PayPal и другите сервиси, да се продолжи споделувањето на Wikileaks документи преку друштвите мрежи, да се испратат писма и мејлови до владини претставници и да се организираат протести низ улиците.
И, интересно, стои дека треба да го изгласаат основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж како Time личност на годината, гласајќи на онлајн анкета. Тоа е акција која еднаш им успеа на корисниците на 4chan, кои ја наместија Time анкета во која вметнаа порака и на прво место го поставија Кристофер Пол, основачот на 4chan.
Коментари
9 коментари
Коментарите се затворени.