Сите кои се занимаваат со развивање софтвер знаат колку е потребна поддршката од заедницата, кога ќе запне кодот некаде и едноставно не можете да се реши проблемот. Сите ние кои сме учеле со ентузијазам нови програмски јазици сме се обиделе со форумите кои се наменети за ваква помош (меѓу кои има и навистина добри) и доста често ни било одговорено. Но, неретко се случувало да добиеме погрешни или нерелевантни одговори, или можеби да не добиеме воопшто одговор.
HackerBuddy е едноставен за користење и е едноставна идеја. Се работи за вид друштвена мрежа за програмери кои се „спаруваат“ според своето знаење за проблемот. Oна кое во моментов и недостига на апликацијата поради тоа што постои само неколку дена е база на корисници, која ако се пополни на вистинскиот начин HackerBuddy може да стане одличен начин за наоѓање помош и нови контакти помеѓу оние кои сеуште учат.
Направив dummy, почетнички профил за да ја тестирам апликацијата и да видам дали всушност функционира. Најпрво ве прашува што знаете, ве прашува за Twitter име и сте готови со профилот. Под профилот има две копчиња, лево за да се понудите да помогнете, десно за да побарате помош. Ако притиснете на тоа да добиете помош, ќе извади дијалог да изберете што сакате да научите.
Откако ќе побарате помош, зема едно случајно име од базата на корисници на корисник кој може да ви помогне и ви ја дава неговата/нејзината имејл адреса за сами да контактирате со вашиот ментор. Исто така, можете и да ја излистате целата база на корисници (моментално има околу 1.200) и да ги разгледате нивните профили.
Иако апликацијата има многу простор да се подобрува, и недостигаат многу работи, идејата е тоа што најмногу ми се допадна. Кодирањето знае да биде стресна работа, и имањето на голема база на корисници кои се расположени да помогнат, кои се расположени лично да им пристапиш со својот единствен проблем е олеснувачка околност. Ваквиот начин на комуникација носи големи разлики од комуницирањето на форумите поради личниот допир на работата, а и охрабрувачки е да бараш помош од некој кој знаеш дека ги оставил своите контакти баш со намера да помогне.
HackerBuddy е направена од Дејв Пеирис користејќи Rubi on Rails кој и самиот вели дека апликацијата сеуште треба да се доработи.
Dosta dobra ideja, ke ja probam