Kinect e еден од проектите на Microsoft кој спаѓаат во доменот на природни кориснички интерфејси, што е всушност приближување на интерфејсите кои се користат во комуницирањето со компјутерите до природното секојдневно комуницирање. Kinect овозможува да се комунуцира без контролери или слично, само со гестови и говорни команди.
Хакерот Себастиан ни нуди еден подлабок поглед кон тоа што може да направи Kinect, односно како можеме да го употребиме. За разлика од „забавните“ употреби, Себастиан ни нуди еден по научен поглед. Со употребата на дата ракавици кој ги креирал самиот, тој има интерактивна комуникација со виртуелните објекти на едно повисоко ниво. Во видеото детално демонстрира и објаснува како е тоа изведено.
Себастиан не зачудува и импресионира на едно сосема друго ниво, но не е на штета да ги истражиме и како што ги нарековме „забавните“ употреби на Kinect. Еве едно ново видео каде разни истражувачи се споиле и креирале Kinect управувани теслини трансформатори, секако на безбедна дистанца.
И за крај, една компилација од некои од најинвентивните употреби на Kinect до сега, каде можете да видите разни креативни хакови, кои се во исто време и забавни и не приближуваат до технологијата во иднината.