Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

По техничките проблеми Пазар3 ќе го врати плаќањето за огласи

Еден од попопуларните .мк веб огласувачи Pazar3.mk викендов ја пушти верзијата каде наплаќа за огласите, но по 2 дена се врати на бесплатната верзија. Дел од корисниците помислија дека огласувачот се предомисли поради критиките но...

11 коментари Прочитај 25 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Свет

Астронаут се чекираше на Foursquare од Вселената

Астронаутот на НАСА, Даглас Вилок ја доби „NASA Explorer“ значката на Foursquare откако се чекираше на Foursquare од 354 километри над Земјата додека патуваше со брзина од 28.000 километри на час. Значките се еден вид игра на Foursquare, собирањето значки носи и награди, што ги поттикнуваат корисниците да го користат сервисот. Ако ја покаже значката астронаутот Вилок ќе добие бесплатен сладолед за аустронаути. :)

4 коментари Прочитај 25 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Надополнето: Дневник се извини за грешката со The Onion

<Надополнето 25.10.10> Запршката со кромид ми загоре, сериозно ми ги испече и насолзи очите, вели Христо Ивановски извинувајќи се за грешката што сатиричните вести од the Onion (анг. кромид) ги сфати како релевантни и вистинити што е „класичен пример како еден искусен новинар може да се лизне (и на лушпа од кромид) ако не ги следи стриктно новинарските правила.“

17 коментари Прочитај 25 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано ИТ.МК

Твит лажи, линк не лажи #twitogovorki

#twitogovorkite на Сеад Џигал, комуниколог, блогер и твитерџија чии „добри твитови надалеку се слушаат“ станаа популарнo меме на сервисот за микро-блогирање. Како и секогаш, креативната идеја ги инспирираше македонските корисници да споделат најразлични интересни поговорки кои целосно ја опишуваат друштвената мрежа во само 140 карактери.

0 коментари Прочитај 25 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Wikileaks објави над 390.000 доверливи документи за ирачката војна

„Ирачкиот воен дневник“ на Wikileaks содржи над 391.832 доверливи документи кои ги опишуваат американските операции во Ирак детално опишувајќи ги жртвите, настаните, битките... Ова е втор ваков извештај од Wikileaks по објавувањето на „Авганистанскиот воен дневник“ кој содржеше над 90.000 доверливи документи од американската војска.

1 коментар Прочитај 25 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Google го потврди Android Gingerbread со поставување статуетка

Gingerbread е името на се уште не објавената 3.0 верзија на Android мобилната платформа. Google не даде официјална изјава, туку ова се потврди со видео „Ние готвевме нешто...“ во кое се гледа поставувањето на Gingerbread man статуетката на кампусто на Google. (Ако се чудите на името и статуетката, Gingerbread е колаче од ѓумбир, вакви колачиња во форма на човече се традиционално нешто во САД)

1 коментар Прочитај 23 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook ќе ги енкриптира корисничките ID броеви

Facebook се одлучи да ги енкриптира (шифрира) корисничките идентификациони броеви (UID). Ова следи по неодамнешното откритие дека Facebook апликациите ги споделува корисничките ID броеви со маркетинг агенции и компании кои „копаат“ интернет информации и покрај тоа што таквото извлекување од податоци е забрането на Facebook.

1 коментар Прочитај 22 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

EA го купи издавачот на Angry Birds за 20 милиони долари

Electronic Arts го купи Chillingo, издавачот на Angry Birds популарната мобилна игра којa откако се појави на iPhone, потоа и на други платформи, беше симната над 6.4 милиони пати. Според All things D, ЕА ќе плати околу 20 милиони долари во кеши + дополнителни профити за компанијата. Интересно ЕА нема да ги добие правата врз Angry Birds и слични игри кои Chillingo ги дистрибуира.

0 коментари Прочитај 22 октомври, 2010
Редакција
1
stole Мобилни Совети

Android менаџер за безжична синхронизација меѓу телефон и PC

Android WiFi Manager е нова бесплатна алатка со која безжично го синхронизирате вашиот Android телефон и вашиот компјутер, пренесувајќи ги контактите, сликите, пораките, видеата, музиката и апликациите. За да ја користите синхронизацијата PC-то и телефонот мора да бидат на иста WiFi мрежа.

1 коментар Прочитај 22 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Првото во свет резиме во проширена реалност

Со цел да се истакне CV-то да се препознае меѓу другите, ко-креаторот на Symbian, Дејвид Вуд, заедно со CWJobs.co.uk и тим од инженери и дизајнери го направи првото CV (резиме) користејќи виртуелна компјутерски-генерирана 3D визуелизација. Камерата и апликацијата го препознаваат „дигиталниот слој“ на резимето и го прикажуваат во проширената (аугментирана) реалност на компјутерот.

0 коментари Прочитај 22 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Microsoft ќе објави веб базирана продавница за игри

Мicrosoft на 15 ноември ќе го стартува веб базираниот Games for Windows Marketplace, односно пазар преку прелистувач за игри каде корисниците ќе можат легално да си купат игри.

0 коментари Прочитај 22 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Сите TEDxSkopje говорници

Конечно ги знаеме 12-те говорници кои ќе ги споделат своите идеи и искуство на конференцијата TEDxSkopje која ќе се оддржи на 30-ти октомври. Официјално се претставија 10 од 12-те говорници. TEDxSkopje постепено ги претставува говорниците, но ги знаеме последните двајца.

12 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Вестите на Google добија друштвен елемент

Google тестира подруштвени вести, додаде „Споделено од“ текстот покрај секоја вест. На прв поглед оваа информација заедно со бројот на „сличните написи“ ви ја кажува популарноста на веста, често и важноста на тие вести.

0 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Пристигна Opera 11 алфа со екстензии

Прелистувачот т.е. идната единаеста верзија на Opera покрај Unite, userJS и Widgets, ќе има eкстензии со кои корисникот ќе може да си го персонализира прелистувачот. Екстензиите се налик на додатоците за Mozilla и ектензиите на Chrome.

0 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Софтвер

Надополнето: Продолжува дискусијата за Национална политика за слободен софтвер

<Надополнето> Слободен Софтвер Македонија ја објави најновата ревизија на Националната политика за слободен софтвер. Ревизијата може да се најде на соодветниот блог каде секој заинтересиран корисник може да сподели идеја и да ја искоментира написот. Дополнителна дискусија може да се води на форумот на It.com.mk.</надополнување>

2 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Технологијата се изгуби во преводот

Time.mk ги редизајнираше групите, и категоријата „Технологија“ се најде во „Живот“ заедно со другите спорадични теми, забава, музика, здравје итн. Ова не е случајно или грешка, групите се составени според изворите или според темите, но е комплетно погрешно. Ситниот, за некои неприметлив детал, промената на категории на Time.mk ја отсликува целокупно состојбата на развојот и разбирањето на технологијата во Македонија.

5 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Сите новитети од Аpple-овиот Back to the Mac настан

Покрај претставувањето на Macbook Air на „Назад кон Мac-от“ настан, Apple претстави и најави уште Mac новини. Се претстави FaceTime за Mac, програмот со кој може да се прави видео чет од Mac на Маc и iPhone. Се претстави нов iLife, сет на апликации за обработка на фотографија, музика и видео...

2 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Apple го претстави новиот ултра тенок MacBook Air

Кога Mac ќе се спои со iPad, вака Стив Џобс го најави новиот ултра тенок ноутбук MacBook Air на вчерашниот Аpple настан со име „Назад кон Mac-oт“. Името на настанот е сосема соодветно земајќи в обзир дека се најавија неколку Mac новитети.

3 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Mozilla претстави планови за Open Web Apps екосистемот

Open Web App екосистемот, се уште прототип, на Mozilla треба да биде место каде корисниците ќе можат да прегледуваат апликации, заедно со нова табла вметната во прелистувачот каде може да се инсталираат апликации, и место каде програмерите ќе можат да најдат различни алатки за развивање на апликации.

1 коментар Прочитај 20 октомври, 2010
Мени
Заедница
Изглед