1
Wikileaks објави над 390.000 доверливи документи за ирачката војна
„Ирачкиот воен дневник“ на Wikileaks содржи над 391.832 доверливи документи кои ги опишуваат американските операции во Ирак детално опишувајќи ги жртвите, настаните, битките... Ова е втор ваков извештај од Wikileaks по објавувањето на „Авганистанскиот воен дневник“ кој содржеше над 90.000 доверливи документи од американската војска.