0 коментари 1 мин. читање

EA го купи издавачот на Angry Birds за 20 милиони долари

Chillingo e издавач на разни мобилни игри од разни развивачи, како на пример, пример Cut the Rope која за 10 дена беше симната 1 милион пати. Kреатор на Angry Birds e Rovio, а на Cut the Rope креатор е ZeptoLab. Се чини дека и двете развивачки компании ќе си го задржат правото врз игрите.

EA всушност за 20 милиони ја купи интуицијата на Chillingo кои ја имаат за откривање на успешни игри и развивачи. Дополнително Chillingo ја има Crystal друштвената платформа која ги поврзува корисниците од разни игри во една заедница.

„Аквизицијата ја комбинира експертизата на Chillingo во култивирање на идеите на независните развивачи со глобалниот дофат на EA во мобилното издавање.“ вели Electronic Arts.

Со Chillingo ЕА ќе стане уште поголем издавач на мобилни игри, најголем на Apple-овите платформи. Покрај своите мобилни игри како Need for Speed, Tetris… EA ги има и друштвените игри на Playfish, компанија за која EA минатиот ноември плати 400 милиони долари.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top