„Поради технички проблеми се повлече новата верзија на сајтот која ќе се лансира повторно и за стално по решавањето на проблемите.“ велат од Пазар3.
Иако на нивниот сајт во делот со информации за новиот Пазар3 нема информација за плаќањето, сепак од Пазар3 велат дека:
„Ќе се плаќа за регистрација, обновување и измени на огласи кога ќе објавен новиот сајт“
Како што беше и претходно најавено ќе се плаќа од 50 до 90 денари за огласите зависно од категоријата.
Ова е доста храбар потег на Пазар3 кој стана еден од најпосетуваните .мк огласувачи бидејќи нудеше бесплатни огласи. Со ова промена од една страна ќе има сериозна конкуренција, други бесплатни .мк веб огласувачи. Од друга страна пак, можеби плаќањето за огласи ќе значи и поквалитетни огласи.
Коментари
11 коментари
Коментарите се затворени.