„Првото правило е провери најмалку два пати! Не го следев тоа правило и веста на веб-страницата theonion.com, кој печати сатирични стории, јас ја прифатив како релевантна, како вистинита. На тој начин ги доведов во заблуда читателите, кои не го знаат изворот. Тие, пак, што го знаат изворот, а имаше стотици коментари, писма и дискусии на повеќе платформи, не се фатија на јадицата, како мене и веднаш реагираа со остри критики и со потсмев. Со право!“ вели г. Ивановски додавајќи:
„Запршката што сам си ја запржив со кромидот, кој ми загоре, сериозно ми ги испече и насолзи очите. Но, искрено е и доблесно да се признае грешката, заради угледот на „Дневник“, кој со години го гради, и заради угледот и односот што весникот го има кон читателите. А и јас како автор, кој 25 години чекор по чекор ја градам својата новинарска кариера, имам потреба јавно да се извинам. Без ронка патетика, искрено и од душа, оти грешката е голема. Да бев хирург, ќе бев директно виновен за нечиј човечки живот.“
*најдоле покрај првичната наша вест, реакциите и оригиналната вест, сега е додадено и извинувањето
</надополнување>
<Првичната вест од 18.10.10:> Во Дневник се појави краток текст, вид колумна од еден од уредниците на весникот, Христо Ивановски наречена „Апокалиптична историја“ во која се пишува за некоја си вест каде на 7-ми октомври се одржала прес-конференција во Вашингтон каде познати експерти изјавиле дека „целосно ја фабрикувале античка Грција“ бидејќи биле млади и им е било досадно, па барале слава. Сега тие експерти си поднеле оставка.
*доколку линкот не работи, Дневник ги губи линковите, текстот ќе го најдете најдолу.
Г. Ивановски, видно растреперен од „фактите“, ни на крај на памет не му паднало да провери од каде доаѓа веста, распукува:
„Сте ја слушнале оваа вест некаде, сте прочитале нешто за ова? Не, нели? За вакви работи светот не се интересира, па дури и не верува во тоа што го слуша. Му доаѓа како нечија зафрканција… Сите фалсификувале, не само итрите Грци. И Европа почива на митови како тој за кралот Артур, за Гралот, за плаштот…“
Можеби г. Ивановски требаше да застане на „му доаѓа како нечија зафрканција“ бидејќи веста е токму тоа, „зафрканција“ на Onion. The Onion е хумористичен сајт, мрежа од медиуми кои постојано објавуваат лажни вести заради критика, шега, сатира… како на пример, Пожар во Колорадо ја зафати и Месечината, или како Apple измисли револуционерен уред без тастатура…
Доволно е само да се погледнат останатите илјадници смешни и сатирични текстови, видеа и радио клипови на сајтот на Onion и веднаш да ви стане јасно дека се измислени. Но, очигледно гневот против „итрите грци“ не прави комплетно слепи и смешни. :)
„Но кога тоа ќе го направи медиум со ‘кредибилитет’, станува навистина дискутабилно какво влијание ќе предизвика напис кој во најмала рака никако не би можел да се смести во категоријата на истражувачко новинарство…. Не знам дали им е срам на Дневник да го објават овој текст, кога сите знаеме што е The Onion?“ пишува Василка Димитровска на својот блог.
Во секој случај, во духот на сатирата македонските твитерџии започнаа интернет меме шегувајќи се со г. Ивановски.
Мој придонес за ново меме: http://img145.imageshack.us/img145/2406/kromid.jpg
Macedonian top journalists quotes TheOnion as credible source of info OMG! http://dnevnik.com.mk/?ItemID=51E6A1819099FD46953486D946956686
Ексклузивно од Христо Кромидо: http://imgur.com/GX3OE.jpg #kromid #mkfail
Барем се свестија дека згрешија и се извинија. За разлика од онаа новинарка (мислам дека беше на ВРЕМЕ) што ги напиша оние…. "работи" за CS турнирот оваа год. во Македонија. Тоа беше искрено претеризам…. па дури и појќе од тоа
ТОП , само малку ми е нејасено во областа јавно комерцијално репродуцирање наспроти приватно или друго сопствено…
Добро ќе биде статија и за ова нешто ;)
Закон за авторски права > Слободно користење > Цитирање.
@. Христо
Не спориме дали многу работи од историјата се „произведени“ во поново време, туку за статијата на Кромидот која што е специфична за двајца непостоечки историчари кои што „признаваат“.
@. Авторот Гледам најголем дел од текстот на првобитната статија е копиран овде. Според која дозвола ( како Creative Commons и сл. ) е издадена од страна на Дневник?
"Пододдел 2 Слободно користење
Член 43
Во слободно користење е авторско дело заради стекнување информации од
општо значење, за целите на наставата, за приватно или друго сопствено
репродуцирање, цитирање и други случаи согласно со овој закон."
На страна од законите… мислам дека можам да цитирам со цел да се дообјасни текстот. На крај тоа е фер спрема г. Ивановски. Се знае кој го кажува тоа, покрај тоа има и линк до оригиналната вест.
Доколку има проблем со последните „превземања“ преку zoom.it мислам дека ја прикажувам страната на Дневник заедно со рекламите на сајтот. Доколку скриншот е проблем тогаш… јбг ќе ги тргнам.
Во секој случај, позитивен ти е коментарот. Да се користат CC лиценците на веб ќе знаеме кој на што е :)
Пародијата на the onion е точна. Тие што малку повеќе читале историја ова го знаат. Христо
Прв медиум што наседна на оваа заебанција беше Нова Македонија http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?ve… , 15.10.2010.
Не, Нова Македонија не наседна, тие на крај напишаа дека е пародија но според новинарските правила треба да го отвориш текстот со фактот, актуелната вест, па потоа да објаснуваш. Н.Македонија стартуваше со глупост обидувајќи се да ја вовлече публиката, да направи сензационална вест за потоа да ја демантира… но што ако некој не дочита до крај и да го види ова, дури не е ни јасно напишано:
„Колку и да звучи ова во полза на македонската верзија во одбраната на македонскиот идентитет уште од времето на антиката, сепак статијата е пародија на вистински текст објавен во „Нешнл џиографик“, “
Сигурно знаете за веста од TO за Justin Bieber е 51 годишен педофил.
Чудно ми е зошто (т.е. дали) некој медиум има напишано за ова. А поголемиот дел поверуваа во веста, од пубертетлии фанови до пензионери хејтери
kaj Dnevnik, mislam deka na "#" najdolu od tekstot, e permalunkot koj vredi
Бидејќи ова е колумна во „отворената страница“, а не е нешто што се пренесува како вест, подобро ќе биде насловот на ова статија да биде „Уредникот на Дневик се посрамоти“.
Уредник е човекот кој го води весникот, или барем дел од весникот, во секој случај нивен текст е, :)
100%. Господинот ја утнал, ама уредникот уште повеќе. Не смеел да пушти таков текст.
Самиот господин е уредник.
[…] It.com.mk – Дневник се посрамоти, му поверува на The Onion […]
[…] It.com.mk – Дневник се посрамоти, му поверува на The Onion […]