0 коментари 1 мин. читање 21 октомври, 2010

Вестите на Google добија друштвен елемент

Откако ќе кликнете на линкот, пример „споделено од 20+” Google ве води кон друштвениот дел, Google Real Time пребарувањето, каде се излистани сите споделувања, т.е сите кои ја твитнале веста заедно со временскиот фрејм когае твитната таа вест.

Дополнително под вестите се појавува и таб со „скорешни постови“ кој прикажува постови од друштвените мрежи се поврзани со терминот кој го барате, кој е тесно поврзан со актуелни вести.

Според Search Engine Land, ова е тест на Google со рандом корисници, и не секој може да ги види опциите.

„Разликата меѓу тоа што Google го тестира и тоа што Bing го имплементираше минатата недела е што Bing прикажува содржина само од вашите Facebook пријатели. Како контраст, Google прикажува коментари кои се споделуваат со сите на друштвените мрежи, не само со вашите пријатели.“ пишува Search Engine Land.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top