Wikileaks објави над 390.000 доверливи документи за ирачката војна

во Веб, Свет

„Извештајот ја опишува бројката 109.032 убиени во Ирак, која ги вклучува 66.091-те „цивили“; 23.984 „непријатели“ (тие обележани како бунтовници); 15.196 „домашни војници“ (Ирачката владина војска) и 3.771 „пријателски жртви“ (војници на коалицијата). Поголемиот дел од убиените (66.000, преку 60%) се цивили. Тоа е по 31 убиен цивил секој ден за време на шест годишниот период.“ пишува Wikileaks.

Англискиот весник Guardian пишува дека во документите се најдени околу 15.000 непријавени цивилни жртви, и дека се открива дека американската војска игнорирале мачења, силувања и малтретирања од страна на ирачката полиција и војска. Има и детали за инцидент во кој американски хеликоптер убил бунтовници откако тие се предале.

Извештајот исто така ја открива и вмешаноста на Иран, имено елитни ирански војници тренирале шиитски бунтовници, а било шверцувано и разно оружје oд соседната земја.

Guardian изработи одлична интерактивна алатка за преглед на еден обичен ден во Ирак. Дополнително англискиот весник објави и детална мапа користејќи ги суровите податоци и Google Fusion Tables да ги одбележи местата, и другите детали, за секоја смрт и секој инцидент.

По објавувањето на „дневникот“ американскиот Пентагон остро го критикуваше Wikileaks велејќи дека овие документи можат сериозно да наштетат на војните операции и националната безбедност на САД.

Дополнително Џулијан Асанж, креаторот на Wikileaks, постојано тврди дека Пентагон се обидува да го спречи работењето на Wikileaks блокирајќи ги донациите за сајтот и барајќи од другите држави да го осудат г. Асанж.

Интересно, податоците од „Ирачкиот воен дневник“ биле дадени претходно на New York Times и Guardian, францускиот Le Monde и германскиот Der Spiegel, но сите медиуми до сега чекале дозвола да ги објават документите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Владо
Владо
14 years ago

Утре излегуваат документи за Грција и нејзината вмешаност во воениот конфликт кај нас во 2001.

види ги сите огласи на kariera.it.mk