0 коментари 1 мин. читање

Microsoft ќе објави веб базирана продавница за игри

Пазарот ќе стартува со 100 наслови на видео игри и ќе им понуди на гејмерите онлајн пристап до своите игри, „ултра-брзо симнување“, помалку кликови за симнување, и гејмерите ќе можат да си ги симнат колку пати сакаат игрите кои веќе ги купиле. Ќе има и попусти и промоции, и пребарување за игрите.

Microsoft веќе ја има Windows Live Games платформата за купување и симнување игри, постојат слични продавници како Steam и слични платформи, кои знам дека се користени од доста македонски гејмери.

Но, разликата кај Microsoft веб продавницата е што е на прелистувач, а не посебен софтвер. Со тоа се отстранува симнувањето на софтверот, а се добива лесно, во еден-клик пристапување до игрите од било кој компјутер.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top