Што се однесува до официјално претставените говорници на TEDxSkopje, почнувајќи од првите претставени, се:
- Гоце Митевски, графички дизајнер – Во постојана потрага по различни начини на креативно изразување, Гоце Митевски е во целост отворен кон светот.
- Никола Узуновски, ликовен уметник – Рушејќи ги границите помеѓу науката и уметноста, Никола Узуновски спаѓа во групата уметници кои ревносно ја следат својата идеја како главна референца во општиот поредок на нештата.
- Зоран Ивановски, eлектроинженер – Ќе зборува за својот критички однос кон новите технолошки изуми; колку се потребни, а колку наметнати.
- Илина Јакимовска, етнолог – Taa eтнологијата ја поставува во дневно светло, приложувајќи ја пред нашиот невнимателен поглед.
- Петар Павлов, графички дизајнер – Ќе зборува за начините и предностите на „гимнастика“ во други области, неповрзани со главната професија на поединецот.
- Никос Чаусидис, археолог – Во своите истражувања се фокусира, пред сè, на транспозициите на симболот, митот, религијата во визуелните и ликовните медиуми.
- Игор Трајковски, информатичар – Ќе зборува за техники базирани на човековото пресметување – решавање на алгоритамски проблеми, каде дел од пресметките се извршуваат со несвесно учество на корисниците.
- Клајд Масгрејв, бизнисмен – Истакнат технички инженер и бизнисмен во мисија за инспирирање и подршка на предприемници во нашата земја.
- Небојша Вилиќ, историчар на уметност – Ќе зборува за одговорноста во јавното излагање, преку анализа на концептите за агората, книгата и блогот.
- Невена Ацковска, биоинформатичар – Информатичар кој работи на проекти за генетичко дешифрирање, подеднакво упатена за работата во генетичка лабораторија како и во компутерското програмирање.
- Последните двајца двајца говорници најверојатно ќе бидат професорот Анастас Мишев и маркетинг експертот Петар Лазаров. За што ќе говорат и повеќе за нив кога TEDxSkopje ќе ги претстави официјално.
Инаку, TEDxSkopje предизвика контроверзии со одредување на публиката, имено според нивната лиценца се дозволени само сто гости во публиката, а се пријавија многу повеќе. Но без грижа, најверојатно настанот ќе биде стриман во живо…
Коментари
12 коментари
Коментарите се затворени.