1 коментар 1 мин. читање

Mozilla претстави планови за Open Web Apps екосистемот

Open Web Apps моментално е во почетна фаза, се уште се „готви“ во Mozilla Labs. Компанијата објави техничка документација со цел да ги запознае развивачите и да ги спреми за во иднина.

Апликациите во Open Web Apps ќе можат да користат HTML, CSS и JavaScript, можат да се инсталираат на веб прелистувачот и со тоа ќе треба да работат со сите веб прелистувачи „овозможувајќи секој прелистувач да се натпреварува во презентацијата на апликацијата, организација и менаџирање на кориснички интерфејс“ се вели во блог постот.

Планот е да има платени апликација која еднаш платена ќе се користи на разни платформи без дополнително плаќање. Ќе се користат системи за идентификација како OpenID. И развивачите можат директно да дистрибутираат апликации кон корисниците и преку различни продавници.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top