Продолжува дискусијата за Националната политика за слободен софтвер. Моментално се разговара за претставениот прв нацрт на политиката кој се уште е во многу рана, „alfa“ фаза, но постепено се склопува. Нацртот можете да го видите подолу.
Целта на Националната политика за слободен софтвер (софтвер со отворен код) е да се поттикне користењето на слободниот софтвер од јавните установи, да се изготви модел како да се преферира слободниот софтвер при јавните набавки и да се прошири слободниот софтвер низ другите институции кои функционираат како јавни, телекоми, банки… со цел да се направи поедноставен пристап до информации, како и да се овозможи транспарентност на практиките како софтверот е развива, дистрибуира и користи.
Дискусијата е организирана од Слободен софтвер Македонија, поддржана од фондацијата Метаморфозис и Министерството за информатичко општество.
Национална политика за слободен софтвер
Prodoluzhuva diskusijata za nacionalna politika za sloboden softver.. Neat :)
Хмм. Таговите не ти соодветствуваат. :) (прости, тоа е мојот програмерски OCPD).
Сакав да кажам дека оваа дискусија е особено важна, од неколку аспекти.
Прво, употребата на Слободниот софтвер, е важна карики во зацврстувањето на човековите права во Македонија. Технологијата мора да биде лесно употреблива, напредна, но пред сѐ — достапна за сите, без оглед на финансиската моќ на единката.
Второ, учеството на државни институции во оваа расправа (МИО), зборува за конечно постоење на политичка волја за употреба на Слободниот софтвер.
Тековнава администрација не се покажа сјајно на полето на човековите и граѓанските права (катастрофата со Законот за прислушување, на пример), но ова е секако добар чекор во вистинска насока.
Им благодариме и на Метаморфозис и Слободен софтвер Македонија за напорот кој несебично го прават.