Вести

3.565 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Хардвер

Идните паметни телефони и таблет компјутери ќе имаат USB 3 портови

До крајот на 2012-та ќе видиме мобилни уреди кои ќе имаат USB 3.0 microUSB конектори Ова значи ќе може дури десет пати побрзо да се пренесуваат податоци меѓу паметните телефони и таблет компјутери. Преку USB 3.0 порт за паметните уреди може да се пренесат околу 600 мегабајти во секунда (5 Gbit/s), додека преку претходникот 2.0 […]

1 коментар Прочитај 9 јануари, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Софтвер

Acer го претстави AcerCloud, конкурент на Apple iCloud

Acer на CES го претстави AcerCloud кој е сличен сервис на Apple iCloud, DropBox и други слични веб алатки кои нудат складирање во облакот и синхронизирање преку различни уреди. АcerCloud овозможува автоматско споделување на фотографии и документи преку облакот, но само за 30 дена. Пример, фотографијата преку сервисот PicStream ќе се складира во „главниот PC“, […]

0 коментари Прочитај 9 јануари, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Совети

Vimeo објави iPad, Android и Windows Phone апликација

Видео сервисот Vimeo, кој е налик на YouTube, но со далеку поквалитетна содржина, на CES објави мобилни апликации за сите мобилни платформи, вклучувајќи ја и надоградбата на iOS апликацијата која сега функционира и за iPad. Aпликацијата за сите платформи нуди преглед на видеа, опции за споделување на друштвeни мрежи, оставење kоментари, како и закачување на […]

0 коментари Прочитај 9 јануари, 2012
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Европската Комисија го претстави првото видео за предностите на „Интернет на нештата“

Европската Комисија очекува до 2020-та година да има 50 милијарди уреди поврзани на интернет кои ќе обезбедат разни услуги на граѓаните преку паметни апликации и сервиси. Oсновното нешто за „Интернет на нештата“ е поврзувањето на разните уреди со RFID таговите, кои се попаметни од обичните баркодови. Преку овие чипови ќе се овозможи уредите, од автомобил […]

0 коментари Прочитај 9 јануари, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Претставен Ubuntu TV, се очекува да биде на телевизорите до крајот на годинава

Ubuntu TV е оптимизирана верзија на оперативниот систем за десктопи со Unity интерфејс. Системот, претставен на Consumer Electronics Show, содржи мултимедиски центар, DVR опции и продавници за филмови, телевизиски програми и музика, кои ќе бидат стримани директно преку веб, како и YouTube апликација. Ubuntu TV ќе биде со отворен код за сите производители да го […]

0 коментари Прочитај 9 јануари, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Кинескиња го пресече со нож својот 11-годишен син бидејќи е интернет зависник

Мајката од кинеската провинција Хубеи во гнев го пресекла својот 11-годишен син во нога бидејќи и крадел пари за да оди во нелегални интернет кафулиња, пишува блогот Shanghaiist повикувајќи се на локални вести. Малиот ДонгДонг (тоа му е веб алијас) започнал да користи интернет пред неколку месеци. Тој се навлекол на онлајн игрите кои ги […]

0 коментари Прочитај 9 јануари, 2012
Редакција
1
Новица Наков Статии Хак-атак/Приватност

Хакер(к)ите на филм

Сѐ уште трае празничната сезона, па тоа нека биде изговор да не се впуштаме во сериозни теми. Наместо тоа, еве краток осврт на една од презентациите што се одржаа на 28c3 – Behind Enemy Lines насловена „Хакот нема да биде прикажан на телевизија“. Презентацијата всушност е некој вид на препорака за филмови кои ја третираат […]

3 коментари Прочитај 7 јануари, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Шпанците воведоа Закон против интернет пиратерија под притисок од САД

Шпанската влада дозволи воведување на нов закон кој ќе блогира сајтови кои споделуваат пиратска содржина. Познат како Sinde Law, законот ќе дозволи да се креира владин орган кој ќе има слобода да ги принуди интернет провајдерите да блокираат сајтови. Таа комисија за авторски права ќе одредува дали или не треба да се спроведат акции против […]

0 коментари Прочитај 5 јануари, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Дали Microsoft ќе го купи одделот за паметни телефони на Nokia?

Директорот на Microsoft, Стив Балмер, и Стефан Елоп, директорот на Nokia, се во разговори за зделка за продавање на одделот за паметни телефони на Nokia, вели Елдран Муртазин од Mobile-Review, познат руски блог кој често е меѓу првите со вестите од мобилната индустрија, но не и секогаш во право. За сега ова се само шпекулации. […]

0 коментари Прочитај 5 јануари, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Совети Хак-атак/Приватност

Проверете со еден клик кои друштвени апликации имаат дозволи до вашите податоци

Сигурно не се сеќавате на бројните апликации кои сте ги пробале или играле на Facebook, Twitter, Google+, Flickr, и сигурно не сте ги ни прегледале дозволите кои ги бара апликацијата да ги користи вашите лични податоци. Овие работи најчесто се игнорираат бидејќи ако вашите пријатели ја користат апликацијата тогаш е во ред, нели? Не. My […]

0 коментари Прочитај 5 јануари, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Свет

Што е „crowdsourcing“? (инфографик)

Во 2006-тата година за списанието Wired, Џеф Хове го дефинираше терминот „crowdsourcing“, кој претставува мешавина од термините „crowd“ (толпа) и „оutsourcing“ (aутсорсинг), како бизнис модел преку кој компаниите и организациите пласираат отворени повици пред интернет корисниците, со цел решавање на одреден проблем, најчесто во форма на натпревар или соработка. Популарноста на овој бизнис модел се […]

0 коментари Прочитај 5 јануари, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Мicrosoft ја слави смртта на Internet Explorer 6 со торта и маичка

Microsofot го прославува гасењето на десет-години стариот Internet Explorer 6 (познат и како најлошиот прелистувач на сите времиња) со торта и откачена маичка. Oва „кажување збогум“ доаѓа откако процентот на IE 6 во САД падна под 1 отсто. „IE6 беше исмејуван со сите шеги за прелистувачи, и нам како и на сите други, ни е […]

1 коментар Прочитај 5 јануари, 2012
Редакција
2
Avatar photo Мартин Рајовски Рецензии Хардвер

Прв поглед на Sapphire HD 6870

Sapphire Technology се главни партнери на AMD, и нивните графички од секогаш се одликувале со квалитетна изработка веќе 10 години. Доколку сте подготвени да купите добра картичка која и по перформанси и по цена ќе ги задоволи вашите потреби и можности тогаш Sapphire дефинитивно не смеете да го заобиколите. Тие се први кои успешно го […]

1 коментар Прочитај 5 јануари, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Гери Олдман ги врескаше командите од Call of Duty на шоуто на Конан О'Брајан

Покрај мноштвото култни филмови, глумецот Гери Олдман е познат и по тоа што го позајми својот глас на Виктор Резнов, рускиот војник кој е една од главната улога во серијалот Call of Duty. Во своето гостување на шоуто на Конан О’Брајан, г. Олдман ги претстави своите гласовни вештини, врескајќи команди како „Пукај!“ и „Тенк“ кои […]

0 коментари Прочитај 5 јануари, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Новиот директор на Yahoo е претседателот на PayPal, Скот Томпсон

Yahoo од следната недела има нов извршен директор. Скот Томпсон, кој го водeше тимот за онлајн плаќање на PayPal, ќе го преземе кормилото на интернет пребарувачот кој во последниве години се наоѓа опколен со прејака конкуренција. Yahoo во семптември ја отпушти Керол Бартц, а до сега компанијата беше водена од бордот кој одби две понуди […]

1 коментар Прочитај 4 јануари, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Честитки до Crysis 2, најпиратираната видео игра за PC во 2011 година

Иако Crysis 2 не освои награди за најдобра игра, ниту за најдобар шутер, според податоците на TorrentFreak, таа е најпиратирана игра за PC во 2011 година. Можеби високиот број на пиратирани копии на Crysis 2 не е изненадувачки, со оглед на тоа дека играта се појави во продавниците во март лани, а можеше да се […]

0 коментари Прочитај 4 јануари, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Android Market има над 400.000 aпликации

Сега има над 400.000 апликации достапни за симнување од Android Market, вели Destimo, компанија која го анализира мобилниот пазар. Android Market е многу блиску да го надмине Apple App Store кој моментално има пола милион достапни апликации. Се проценува дека Android ќе се изедначи со iOS во бројките во наредниве два месеца. Но проблемот кој […]

1 коментар Прочитај 4 јануари, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Steam забележа рекордни пет милиони играчи активни во еден момент

И покрај конзолите и мобилните игри, се чини дека PC-то останува популарно меѓу гејмерите. Ова се потврдува од 5-те милиони гејмери кои биле активни во еден момент на веб платформата Steam на Valve, креаторите на игрите Half-Life и Portal. Тој нов рекорден врв на активни корисници се случил на пладне на 2-ри јануари. Според статистиката […]

0 коментари Прочитај 4 јануари, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Една Holo тема да владее со сите Android Ice Cream Sandwich уреди

Google ќе им постави услов на производителите да ја вклучат темата Holo во сите идни Android уреди кои ќе работат на новата верзија Ice Cream Sandwich. Производителите не мора да ја користат темата на уредите, но ќе мора да ја имаат додадено за избор. Програмерите ќе можат да направат апликацијата да бара да се користи […]

0 коментари Прочитај 4 јануари, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Google фатен во контроверзно промовирање на Chrome со платени постови

Google плаќал за спонзорирани блогови и видеа кои го промовирале неговиот прелистувач Chrome, што е всушност пракса која е против неговите условите за користење, и се работи за содржина која Google се обидува да ја исчисти од пребарувањето. Блоговите Search Engine Land и SEO Book oткрија над 400 страни со резултати од постови кои го […]

0 коментари Прочитај 3 јануари, 2012
Мени
Заедница
Изглед