1 коментар 2 мин. читање 5 јануари, 2012

Мicrosoft ја слави смртта на Internet Explorer 6 со торта и маичка

Microsofot го прославува гасењето на десет-години стариот Internet Explorer 6 (познат и како најлошиот прелистувач на сите времиња) со торта и откачена маичка. Oва „кажување збогум“ доаѓа откако процентот на IE 6 во САД падна под 1 отсто.

„IE6 беше исмејуван со сите шеги за прелистувачи, и нам како и на сите други, ни е мило што сега ќе го нема веќе.“, вели Рогер Каприоти од Microsoft.

Microsoft се надева дека нивниот одбројувач до целосната смрт на IE 6 ќе ги демотивира програмерите да се замараат со прелистувачот, и ќе ги мотивира нив и корисниците да преминат на новите верзии – поточно на Internet Explorer 9.

Претходно пад под 1 отсто во користењето се забележал во Полска, Шведска, Данска, Финска, а се очекува тоа да се случи наскоро и во Чешка, Мексико, Украина, Португалија и Филипините. За Македонија, според посетите на IT.com.mk, Internet Explorer го користат 4,5 отсто од корисниците, односно 0,25 отсто од корисниците се на Internet Explorer 6, oстанатите на верзиите 8 и 9. Доколку сте вие едни од нив, направете си услуга и симнете си модерен прелистувач.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Voya
Voya
14 years ago

Амин.

Мени
Заедница
Изглед
To top