Google плаќал за спонзорирани блогови и видеа кои го промовирале неговиот прелистувач Chrome, што е всушност пракса која е против неговите условите за користење, и се работи за содржина која Google се обидува да ја исчисти од пребарувањето.
Блоговите Search Engine Land и SEO Book oткрија над 400 страни со резултати од постови кои го имаат терминот „овој пост е спонзориран од Google“. Во еден од тие постови имаше и видео со линк до страната за симнување на Chrome кој не го содржи „nofollow” атрибутот кој се става на платените линкови, според правилата за користење, што значи дека Google го индексирал линкот како валиден резултат и со тоа си ја подобрувал позицијата на страната на Chrome.

Интересно, Google ја префрли вината кај лондонската маркетинг агенција Unruly Media која е платена да ја спроведе кампањата.
„Google не се согласил на ништо повеќе од онлајн реклами. Постојано избегнуваме платени спонзорства, вклучувајќи платени блогери да ги промовираат нашите продукти, бидејќи овој вид на промоции не е транспарентен ниту во интерес на корисниците. Разгледуваме кои промени треба да ги направиме за да се осигураме дека ова да не се случи повторно.“.
Oд Unruly Media пак, велат дека се работи за грешка во кампањата, односно ид блогерите не било побарано да линкаат назад до страната за симнување на Chrome. Според нив, сите такви линкови се тргнати сега.
Во голем број од платените постови се појавуваат термини како „Google Chrome им помогна на малите бизниси“ и „Како може Google Chrome да ти помогне во иднина?“, како и други фрази кои го фалат прелистувачот. Доколку пребарате google chrome benefits тогаш тие блог постови ќе бидат меѓу првите, односно на првата страна од резултатите.
„Замислете дека вие сте некој кој се обидува да разбере како Chrome ќе му помогне во споредба со другите прелистувачи. Од 21 милиони можни пребарувања, два од платените ѓубре постови на Google ќе бидат меѓу топ десетте резултати.“, пишува Search Engine Land.
Според него, маркетинг агенцијата Unruly Media не би побарала од блогери да линкаат до сајтовите бидејќи тоа би било неетички, но сигурно тие очекувале тоа да се случи спонтано.
Во минатото Google ги има казнувано ваквите манипулации со платените линкови, во 2009 година дурги го казнија и Google Japan, намалувајќи им го рангот во пребарувањето. Но, тоа е тешко веројатно да се случи и со Gооgle Chrome кој само пред некој месец успеа да го надмине Firefox и да стане втор најпопуларен прелистувач.







