0 коментари 2 мин. читање

Дали Microsoft ќе го купи одделот за паметни телефони на Nokia?

Директорот на Microsoft, Стив Балмер, и Стефан Елоп, директорот на Nokia, се во разговори за зделка за продавање на одделот за паметни телефони на Nokia, вели Елдран Муртазин од Mobile-Review, познат руски блог кој често е меѓу првите со вестите од мобилната индустрија, но не и секогаш во право. За сега ова се само шпекулации.

Според него, зделката би се финализирала при крајот на 2012-та година, и ќе му овозможи на Microsoft сите идни уреди да бидат брендирани со Windows Phone наместо сега со Nokia. Microsoft така би го следел Apple и Google, кој неодамна ја купи Motorola Mobility, да си креираат софтвер и да го набљудуваат производството на хардвер за своите мобилни уреди.

Доколку е ова точно, што се однесува до финскиот производител на паметни телефони, тој ќе биде оставен само на обичните телефони, што не е многу перспективно за иднина, и покрај најавите од директорот Стефан Елоп дека сакаат да ја освојат „следната милијарда“ мобилни корисници кои ќе дојдат од земјите во развој.

Мicrosoft и Nokia стапија во соработка пред нешто повеќе од шест месеци, договарајќи се Nokia да ја користи Windows Phone 7 платформата како основна за своите уреди, бидејќи нивната Symbian платформа се покажа неконкурентна.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top