0 коментари 2 мин. читање 9 јануари, 2012

Европската Комисија го претстави првото видео за предностите на „Интернет на нештата“

Европската Комисија очекува до 2020-та година да има 50 милијарди уреди поврзани на интернет кои ќе обезбедат разни услуги на граѓаните преку паметни апликации и сервиси.

Oсновното нешто за „Интернет на нештата“ е поврзувањето на разните уреди со RFID таговите, кои се попаметни од обичните баркодови. Преку овие чипови ќе се овозможи уредите, од автомобил до тостер, па и кравите, да комуницираат меѓу себе, односно да споделуваат информации и податоци за да можат да се следат преку интернет, и да можат да се контролираат со основни команди, барем за почеток.

Првото видео од ЕУ, кое е наменето за едукација и да ги мотивира програмерите да ја користат технологијата, објаснува каква придобивка имаат студентите од интернет на нештата. Пример, ако професорот е болен тој ќе може да испрати мејл до студентите дека нема да биде на работа. Тоа е можно и сега, нели? Но, со интернет на нештата, таа информација ќе може да се споделат со сите поврзани-за-интернет уреди и со тоа да може да му се каже на алармот да звони покасно, да му се каже на кафематот да не го прави кафето итн.

[youtube]kq8wcjQYW90[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top