0 коментари 2 мин. читање 9 јануари, 2012

Кинескиња го пресече со нож својот 11-годишен син бидејќи е интернет зависник

Мајката од кинеската провинција Хубеи во гнев го пресекла својот 11-годишен син во нога бидејќи и крадел пари за да оди во нелегални интернет кафулиња, пишува блогот Shanghaiist повикувајќи се на локални вести.

Малиот ДонгДонг (тоа му е веб алијас) започнал да користи интернет пред неколку месеци. Тој се навлекол на онлајн игрите кои ги играл во нелегалните интернет кафулиња. За кафулињата тој често крадел пари од дома и ги трошел и тие пари кои му биле давани за да купи намирници за дома.

Нелегалните интернет кафулиња профитираат од малолетниците благодарение на кинеските закони кои им забрануваат на малолетниците да користат интернет. Потребно им е лична карта за да влезат во легално интернет кафе за да играат онлајн игри и да користат интернет.

Вечерта на инцидентот, малиот зависник по вечерата украл пари од дома и отишол во интернет кафе. Неговите родители го нашле, го одвеле дома и започнале да го тепаат. Таквата казна е охрабрена од кинеските власти како метод за дисциплина, меѓутоа неговата мајка претерала. Таа во својот гнев бидејќи ДонгДонг бил инатлив, зела кујнски нож и го пресекла по ногата.

Малиот зависник сега е во болница, и ќе пројде без некои последици, меѓутоа ќе треба да поработи на својата опсесија.

 

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top