Прв поглед на Sapphire HD 6870

Sapphire Technology се главни партнери на AMD, и нивните графички од секогаш се одликувале со квалитетна изработка веќе 10 години. Доколку сте подготвени да купите добра картичка која и по перформанси и по цена ќе ги задоволи вашите потреби и можности тогаш Sapphire дефинитивно не смеете да го заобиколите. Тие се први кои успешно го преставиа Vapor-X ладењето кои сè уште постои на Vapor-X серијата на картички.

Еден од добрите примероци на Sаpphire е графичката картичка HD6870. Оваа картичка, која следи по HD5870, од непознати причини наместо да донесе поголеми тие донесоа нешто послаби перформанси од претходниот, но и со помала цена и помала потрошувачка. HD 6870 1 GB DDR5 е навистина популарна картичка, пред се поради добрите перформанси што ги нуди и уште подобрата цена која е околу 10.200 денaри, што за ваква картичка се смета за прилично прифатлива.

Технички Карактеристики:

  • GPU: ATI Radeon HD 6870
  • Видео меморија: 1 GB GDDR5
  • Фрекфенција: 900 MHz
  • Стрим на процесор: 1120
  • Мемориска магистрала: 256 bit
  • DirectX® Подршка: 11
  • PCIE стандард: PCIE 2.0
  • Дисплеј конектори: 1 x Dual-Link DVI, 1 x HDMI 1.4a, 1 x DisplayPort, 1 x Single-Link DVI-D
  • Максимална резолуција: 2560×1600
  • ATI Eyefinity технологија: Подржува
  • Димензии на картичката: 250х115х40mm
  • Минимална потрбна елек. енергија: 500w
  • Конектори за додатно напоување: 2х6 pin
  • Цена: ~10.200ден.

Пакување

Sapphire HD6870, за оние кои веќе се имаат сретнато со некоја од сериите на Sapphire знаат дека пакувањето е во стандардна картонска кутија на која има некоја од верзиите на „Ruby girl“. Во кутијата освен рафичката картичка имате и DVI-VGA адаптерот, CD со соодветните драјвери како и Sapphire Trixx софтвер, потоа има два адаптери за напојување Molex to 6-pin, упатство за користење како и сериски код за DiRT3.

За картичката

Cелото име на оваа картичка e Sapphire HD 6870 1GB GDDR5 PCIE и ова е стандардната верзија од HD 6870. Графичката не е фабрички „клокувана“, но и покрај тоа на секој детал се препознава квалитетот на Sapphire. Прекриена е со црна пластична маска дизајнирана во нивни стил која го покрива ладилникот. Ладењето е сосема солидно и се состои од голем ладилник низ кој поминуваат топлотни цефки, а на него е монтиран вентилатор со дијаметар околу 9 cm.

PCB-то на картичката е плаво-зелена, што е препознатливо за Sapphire. Сите делови на плочата се уредно подредени за поголема функционалност. Од конектори картичката има по еден Dual Link DVI и Single Link DVI, HDMI и Display port. На другата страна се наоѓаат двата шест-пински конектори за дополнително напојување кои се свртени нагоре. Ова може да биде донекаде не-практично од гледна точка на средувањето на каблите и естетиката. Препорачливи се 500 w напојување или повеќе.

Тестирање

Откако визуелно ја прегледавме, дојде редот и на перформансите, што е она кое сите ги интересира. Како Sapphire HD 6870 ќе се покаже на тестовите:

Машината на која е тeстирана картичката е со:

  • CPU: Intel i5 2500k 5.1Ghz unlocked & OC
  • MB: Asus P8P67 Delux
  • RAM: Kinkston HuperX Genesis 4GB 1600Mhz
  • HDD: WD CG 1TB SATA II
  • PSU: Cooler Master Silent pro 600w
  • Case: Cooler Master Elite 430 Black
  • Drivers: AMD 11.11
  • OS: Windows 7 x64 SP1

Тестовите се правени на релативно нови игри на резолуција од 1920 x 1080. Оваа резолуција е избрана бидејќи е стандардна резолуција каде GPU е максимално вработен во игрите, за разлика од другите послаби каде повеќе е оптеретен CPU. Од графиконите ќе може да се примети кои графички подесувања се направени во игрите во текот на тестирањето. Поради ситните пиксели на 1920 x 1080 користена е 2xAA (Antialiasing).

Целта на тестовите е да се видат, што е можно пореално, можностите на картичката и нејзината практична примена. Правено е мерење на игрите во идентични делови од игрите со фабричка фрекфенција и со стабилен оверклок. Како за споредба е земена ASUS GTX 560 како директен конкурент.

Crysis2

Тестовите се правени на DirectX 11 со Extreme подесувања.

Duke Nukem Forever

Тестирана на DX 11 со ултра подесувања.

Overclock способности

Оваа картичка релативно слабо загрева, и покрај сè е навистина тивка и при idle (кога нe во мирување) и при load (кога се вчитува) состојба. Температурата е скоро секогаш околу 40 C во Idle, додека максималната температура која ја крена додека беше на тестови беше 74 целзиусови степени и тоа при полно оптеретување.
Следна позитивна,и веќе видена кај други модели е тоа што при режим на мирување (idle) вентилаторот работи со 20 отсто од вкупните можности, а при оптеретеност максимум и до 49 отсто од својот капацитет. Од ова се гледа дека картичката никогаш не работи со полн капацитет и тоа ја прави прилично тивка.

Што се однесува до оверклокот, со вакви температури може да се очекува многу. Во пракса се докажа. Картичката работеше на 1000/1150 Mhz без дополнително кревање на волтажата, што не е занемарлива бројка.

Заклучок

Веќе знаеме дека ова не е најнова серија на AMD картичките, меѓутоа и понатаму е картичка со високи перформанси. Од тестовите можеме да видиме дека во споредбата со GTX 560 на сите игри Sapphire HD6870 е апсолутен победник. Картичката е и апсолутен победник и кога е оверклокот во прашање. Ова значи дека може да ги задоволи потребите и на ентузијастите кои едноставно сакаат да го извадат максимумот од на графичката…

Температурата пак е прилично ниска, која што приватно ме изненади мене како и сите што го спроведоа и видоа тестирањето. Мирна и тивка, скоро и безчујна.

Цената е она што заслужува најгоолема почит. За цена од отприлика 170 евра добивате картичка која по перформанси е послаба за 5-10 отсто од HD 6950, а разликата во цена е околу 50 евра (3.000 ден). Оваа картичка е дефинитивно најдобриот избор кога барате картичка која што не чини многу, а може да им пркоси и на поновите серии од неа.

Позитивно:

  • Перформанси;
  • Добро се клока;
  • Тивка е и има ниски температури;
  • Квалтетен и препознатлив дизајн;
  • Цена.

Негативно:

  • Навистина не успеав да најдам многу негатвности на оваа картичка,но да не биде празно,во негатвно би го сместил;
  • Положбата на додатните пинови за напојување не се погодни за средување на каблите и естетски не изгледа убаво;
  • Ова е единственото нешто што ми засмета кај картичкава.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Toso
Toso
14 years ago

A ti klokas li se dobro

види ги сите огласи на kariera.it.mk