До крајот на 2012-та ќе видиме мобилни уреди кои ќе имаат USB 3.0 microUSB конектори Ова значи ќе може дури десет пати побрзо да се пренесуваат податоци меѓу паметните телефони и таблет компјутери.
Преку USB 3.0 порт за паметните уреди може да се пренесат околу 600 мегабајти во секунда (5 Gbit/s), додека преку претходникот 2.0 податоците се пренесуваат со максимална брзина од 60 мегабајти во секунда или 480 Mbits/s.
Кај паметните уреди пренесувањето податоци со USB 3.0 биде поспоро во споредба со истите портови на PC-јата, можеби околу 100 мегабајти во секундаи, но тоа сепак е голем напредок, вели организацијата зад USB стандардите на овогодинешниот CES.
„Тоа на кое што му беше потребно 15 минути, сега ќе му требаат 1 минута и десет секунди.“, вели директорот на USB Implementers Forum, Рахман Ишмаил. „Сè уште работи на новите спецификации, на новите стандарди за да ги направиме поекономски и поеколошки.“
Од друга страна ќе значи дека батеријата на мобилните уреди ќе може да се полни побрзо преку 3.0 портовите.
USB 3.0 ќе биде во конкуренција со Intel-овата Thunderbolt технологија која е најавена дека ќе се појави и на мобилните уреди. Што се однесува до PC-jaта, сите нови модели доаѓаат со двата видови на портови за пренос на податоци.
Нема да биде конкуренција на Intel-овиот Thunderbolt, бидејќи од Intel изјавија дека нивната технологија е само надополнување на USB 3.0 стандардот. Иако да, формално се конкуренција.