Проверете со еден клик кои друштвени апликации имаат дозволи до вашите податоци

Сигурно не се сеќавате на бројните апликации кои сте ги пробале или играле на Facebook, Twitter, Google+, Flickr, и сигурно не сте ги ни прегледале дозволите кои ги бара апликацијата да ги користи вашите лични податоци. Овие работи најчесто се игнорираат бидејќи ако вашите пријатели ја користат апликацијата тогаш е во ред, нели? Не.

My Permissions е веб сервис кој со еден клик ќе ви помогне да ја прегледата и изчисите листата со дозволите кои сте им ги одобриле на друштвените апликации.

Сајтот, креација на израелскиот претприемач Ави Чаркам, не прави ништо посебно освен што има директен линк до опциите каде се наоѓа листата со апликации на разните друштвени сервиси. Одберете си која друштвена мрежа или друштвен сервис користете и прегледајте што сте им дозволиле на апликациите. Како совет, доколку апликацијата е на пример друштвена игра, а има пристап до вашите слики или сликите на пријателите, или пак до домашната адреса, тогаш можеби и не баш паметно да и оставите такви дозволи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments