Steam забележа рекордни пет милиони играчи активни во еден момент

во Веб

И покрај конзолите и мобилните игри, се чини дека PC-то останува популарно меѓу гејмерите. Ова се потврдува од 5-те милиони гејмери кои биле активни во еден момент на веб платформата Steam на Valve, креаторите на игрите Half-Life и Portal. Тој нов рекорден врв на активни корисници се случил на пладне на 2-ри јануари.

Според статистиката се открива дека Steam сега е има над 5.012.699 активни PC гејмери кои ја користат платформата за симнување игри. Тоа што е интересно е што, иако платформата е стартувана во 2003-та година, се чини дури сега започнува да привлекува корисници. Само пред неколку месеци, т.е. во септември, Steam стигна до 4 милиони корисници кои се активни во ист момент.

Меѓу најпопуларните игри на Steam се The Elder Scrolls V: Skyrim, Call of Duty Modern Warfare 3 – Multiplayer, Football Menager 2012 и сега култните Team Fortress 2 и Counter Strike.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk