0 коментари 2 мин. читање 4 јануари, 2012

Една Holo тема да владее со сите Android Ice Cream Sandwich уреди

Google ќе им постави услов на производителите да ја вклучат темата Holo во сите идни Android уреди кои ќе работат на новата верзија Ice Cream Sandwich. Производителите не мора да ја користат темата на уредите, но ќе мора да ја имаат додадено за избор.

Програмерите ќе можат да направат апликацијата да бара да се користи одредена тема, во овој случај Holo темата со цел да се одржи оригиналниот дизајн. Ова е уште еден чекор кон решавање на проблемот со фрагментацијата на Android, и унифицирање на системот , апликациите и интерфејсот.

„За програмерите новите теми за системот значи повеќе дизајнирање за нивните апликации. Користејќи системски теми значи дека програмерите можат да ги искоратат постоечките очекувања на корисниците и тоа ќе им помогне во времето за продукција, но само ако програмерот на апликацијата може да ги предвиди резултатите.“, велат Google Android тимот на својот блог.

Со Holo, велат инженерите, е поинаку. Темата ќе биде компатабилна со сите идни Android 4.0 уреди, и ако уредот има Android Market ќе може да ја има Holo темата како што е „оригинално дизајнирана“.

„Апликациите кои сакаат да ја користата основниот стил на уредот можат да го направат тоа со DeviceDefatult теми што се сега во јавното API. Овие промени ќе ви дозволат да потрошите повеќе време на дизајнот и помалку да се грижите за што ќе биде различно од еден до друг уред.“

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top