Вести

3.564 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Nokia губи пари, ниту 4-те милиони продадени Lumia уреди не помагаат

Nokia веќе не е најголемиот производител на мобилни, ниту пак е сериозен играч на пазарот на паметни телефони. Напротив, гигантот кој еднаш ја предводеше мобилната револуција, сега губи пари и идеи за како да oстане конкурентен. Според финансискиот извештај од вториот квартал, Nokia продаде 73 милиони уреди, од кои 4 милиони Lumia уреди кои работат […]

1 коментар Прочитај 19 јули, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Свет

Samsung и Apple по вторпат ќе се смируваат надвор од судот

Драмата меѓу овие две компании никако да престане. На вториот состанок помеѓу извршниот директор на Apple, Тим Кук, и претставниците од Samsungкој се одржа н 16 јули по наредбатаа на судот во САД, двете компании се обидоа да дојдат до заеднички договор надвор од судот. Како што пренесува Korean Times, на состанокот имало неколку важни […]

0 коментари Прочитај 19 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Ebay oчекува двојно поголем пораст во мобилни трансакции

Компанијата вели дека очекува eBay и PayPal mobile оваа година да забележат трансакции од по 10 милијарди долари, што е повеќе од двојно зголемување споредено со 2011-та година кога eBay забележа мобилни трансакции од 5 милијари долари, а PayPal mobile од околу 4 милијарди долари. „Женска ташна се продава на eBay mobile секои 30 секунди. […]

0 коментари Прочитај 19 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Го поправија соларниот полнач, сега пак може да си ги полните мобилните на плоштадот Македонија

Нејасно е зошто некој би бил против соларниот полнач кој овозможува бесплатно полнење на сите видеови на мобилни, се запраша директорот на Vip, Никола Љушев. Vip и Агенцијата за енергетска ефикасност го поправија соларниот полнач за мобилни кој се наоѓа на плоштадот Македонија, чии кабли беа украдени само пет дена од поставувањето. Соларниот полнач ја […]

2 коментари Прочитај 19 јули, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Свет

Apple мора јавно да признае дека Samsung не ги копирал

Веќе пишувавме дека Високиот суд на Велика Британија ја донесе одлуката во корист на Samsung бидејќи нивните уреди не се доволно „кул“, а денес истиот тој суд повторно застана на страната на Samsung. Како што пренесува AllThingsD, одлуката на судот е Apple да излезе јавно и на своите страници и британски медиуми да објави дека […]

1 коментар Прочитај 19 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб ИТ.МК

Google Analytics најмногу се користи во Македонија (инфографик)

Македонија е најголемиот корисник на Google Analytics во светот, покажува инфографикот на TargetOnlineMarketing.com во кој се објавени статистики за колку и каде најмногу се користи бесплатната алатка за анализа на интернет сообраќај. Во Македонија скоро 83% од сајтовите користат Google Analytics, што е најголем процент во светот. За споредба, во Европа просекот е 61,8 отсто, […]

0 коментари Прочитај 18 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер Хардвер

Microsoft објаснува како ја дизајнираше тастатурата на допир за Windows 8

Нa својoт Building Windows 8 блог, Microsoft oбјасни како со ергономски и функционални тестови одреди како да изгледа новата тастатура на допир која ќе се користи на таблет компјутерите со Windows 8. Според Microsoft, корисниците мора да можат да внесуваат текст брзо, скоро со иста брзина како што куцаат на физичка тастатура, да избегнуваат грешки, […]

0 коментари Прочитај 18 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

YouTube претстави опција за замаглување на лица во видеaтa

Во изминативе две години видовме куп протести, инциденти и јавни прекршување на човековите права. Сите тие видеа ги видовме првин на YouTube, па потоа на телевизиските вести. Сфаќајќи дека се првото (и најлесното) место каде може да се закачи таков видео материјал, често сниман од мобилни телефони, YouTube се реши да понуди опција која ќе […]

2 коментари Прочитај 18 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Steam ќе биде достапен за Ubuntu, подоцна и за другите Linux дистрибуции

Left4Dead 2 ќе биде првата игра која корисниците на Ubuntu ќе можат да ја купат од Steam, најави Valve на својот нов Linux блог на кој ќе објавуваат новости за дигиталната гејминг платформа. Steam е сервис преку кој корисниците можат да купуваат дигитални копии од игри. Штом платат за играта, таа е достапна за бројни […]

0 коментари Прочитај 18 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Сем Реми нема да го режира World of Warcraft филмот

Таман ќе подзаборавиме дека било кога се зборувало за World of Warcraft  филм, ќе се појави некоја вест која ќе не потсети и израдува дека ќе видиме епска филмска приказна со Трал и Алијансата. За жал и овојпат вестите не се добри. Режисерот Сем Реми нема да го режира филмот.  Причината е зафатеноста на г. […]

0 коментари Прочитај 18 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ Софтвер

EУ му се закани на Microsoft да додаде избор на веб прелистувачи во Windows

Европската комисија објави дека е започната процедура која ќе утврди дали Microsoft се спротистави на барањето да овозможи избор на прелистувач при инсталација на Windows.  Комисијата е убедена дека компанијата не успеа на своите корисници да им понуди избор на прелистувач во оперативниот систем Windows 7. Oд Microsoft беше побарано да понуди прозорец за избор […]

0 коментари Прочитај 18 јули, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Свет

Google не знае како да потроши 50 милијарди долари, вели ко-основачот на PayPal

На Fortune Brainstorm Tech конференцијата се разви интересна дебата на која се дискутираше дали технологијата ги подобрила нашите животи во последниве 30 години. Според поранешниот директор на Google, Ерик Шмит технологијата направила подобрување, додека пак ко-основачот на PayPal и влијателен инвеститор, Питер Тиел, го критикуваше дека Google има 50 милијарда долари во кеш, но не […]

0 коментари Прочитај 18 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

PayPal го купи Card.io за полесно плаќање со паметен телефон

PayPal ги купи Card.io, стартап компанија која им овозможува читaње на податоците од кредитните картички со помош на паметен телефон. Пред аквизицијата PayPal и Card.io веќе соработуваа на мобилната апликација PayPal Here. Во PayPal сме импресионирани од креативноста, посветеноста и мотивираноста на Card.io, вели Хил Фергусон на својот блог. Card.io овозможува лесно плаќање со кредитна картичка, но […]

0 коментари Прочитај 18 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Свет

Oколу 75 отсто од светската популација сега има мобилен телефон

Скоро целиот свет има мобилен телефон во рака, се вели во истражување од Светска банка. Податоците ни откриваат дека над 75 отсто од светската популација има мобилен телефон, односно денес има околу 6 милијарди претплатници, што е огромен пораст од едната милијарда во 2000-тата година. Тие шест милијарди претплатници само лани симнале 30 милијарди апликации. […]

0 коментари Прочитај 18 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Новиот iPhone ќе има потенок екран со подобар квалитет

Полека се наближува есента кога треба да го видиме најновиот iPhone, па не е воопшто чудно што има се повеќе шпекулации за датумот, дизајнот и функционалностите на телефонот. Но, меѓу целата галама има и кредибилни вести. Најновите детали за iPhone 5 доаѓаaт од Wall Street Journal кои велат дека новиот уред на Apple ќе користи […]

0 коментари Прочитај 17 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Вработени во McDonalds нападнаа иноватор на дигитални очила со проширена реалност

Иноваторот на EyeTap Digital EyeGlass, Стив Ман вели дека вработени во McDonalds во Париз го нападнале поради дигиталните очила со проширена реалност кои ги носел, и дури се обиделе да му ги извадат од главата иако тие му се вградени во черепот. EyeTap Digital EyeGlass системот на г. Ман e сличен систем како Google Glass, […]

0 коментари Прочитај 17 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Африка сака да го подобри образованието со робот од 10 долари

AFRON (AfricanRoboticNetwork), распиша конкурс за дизајнирање на робот со прифатлива цена. За цена од околу десет долари инженери, студенти или робо-ентузијасти треба да изработат идејно решение за целосно функционален робот. Иако максималната цена од 10 долари е нереалистична дури и според идејните творци на конкурсот, целта е да се добие евтин робот кој ќе биде […]

0 коментари Прочитај 17 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Nike си ги промовира патиките со Facebook игра

Друштвените мрежи се релативно нов простор за рекламирање, a начинот на кој компаниите ги претставуваат своите продукти станува се поинтересен. Пример за тоа се Nike кои претставија рекламна апликација која ги презентира патиките кои ги произведува. Апликацијата е наречена Nike Shoe Boxxxx и е слична со поголем број на игри на друштвените мрежа. Почнувате со неколку пара патики […]

0 коментари Прочитај 17 јули, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Хак-атак/Приватност

Џон Оберхејд: Најновиот Android ќе биде многу тежок да се експлоатира

Сериски хакер и истражувач за безбедност, Џон Оберхејд, вели дека Android 4.1 или попознaт како Jelly Bean е првата верзија на оперативниот систем кој го развива Google што има правилно вметната заштита позната како ASLR (Address Space Layout Randomization). ASLR по случаен избор ги распоредува мемориските локации за библиотеката, стек меморијата и другите податочни структури […]

7 коментари Прочитај 17 јули, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Друштвени мрежи

Новиот поедноставен изглед на LinkedIn сега е достапен за сите

Веќе пишувавме дека LinkedIn подготвува нов дизајн и подобрена LinkedIn Today страница, а сега тој дизајн веќе официјално стартува, и за брзо време, можеби во текот на неделава, треба да го добијат сите корисници. Новиот дизајн на LinkedIn кој е помодерен опфаќа целосна промена на почетната страница која е многу едноставна, и лесно ќе можете […]

0 коментари Прочитај 17 јули, 2012
Мени
Заедница
Изглед