0 коментари 2 мин. читање 17 јули, 2012

Новиот iPhone ќе има потенок екран со подобар квалитет

Полека се наближува есента кога треба да го видиме најновиот iPhone, па не е воопшто чудно што има се повеќе шпекулации за датумот, дизајнот и функционалностите на телефонот. Но, меѓу целата галама има и кредибилни вести.

Најновите детали за iPhone 5 доаѓаaт од Wall Street Journal кои велат дека новиот уред на Apple ќе користи in-cell технологија која ќе овозможи телефонот да има потенок екран со подобар квалитет. Овие компоненти веќе се произведуваат во фабриките во Азија.

Технологијата вклучува сензори на допир кои се вградени во LCD екранот, што значи дека нема потреба за слоеви за допир кој е тенок околу 0,5 милиметри, кој се додава на слојот што ја прикажува сликата. Ваквите екрани, се вели, ќе понудат и подобар квалитет на сликата.

Но, потенок екран можеби не значи и дека ќе видиме потенок уред од iPhone 4S кој е тенок само 9,3 милиеметри, туку Apple може да го искористи слободниот простор и да додаде дополнителни компоненти како поголема батерија.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top