1 коментар 1 мин. читање

Apple мора јавно да признае дека Samsung не ги копирал

Веќе пишувавме дека Високиот суд на Велика Британија ја донесе одлуката во корист на Samsung бидејќи нивните уреди не се доволно „кул“, а денес истиот тој суд повторно застана на страната на Samsung.

Како што пренесува AllThingsD, одлуката на судот е Apple да излезе јавно и на своите страници и британски медиуми да објави дека Samsung не го копирал изгледот на уредите на Apple. Можеби на Apple им успеа во САД, но во Велика Британија судијата Колин Бирс има сосема друго мислење.

Apple има можност повторно да се жали, но според тоа што можеме да го видиме тешко дека тоа ќе донесе некакви промени.

„Доколку Apple и понатаму продолжи да претерува со барања кои се темелат на такви генерички дизајни, иновациите во индустријата би можеле да бидат повредени и изборот на потрошувачите неоправдано ограничен“, истакнаа од Samsung, додека сè уште нема изјава од Apple.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top