Веќе пишувавме дека LinkedIn подготвува нов дизајн и подобрена LinkedIn Today страница, а сега тој дизајн веќе официјално стартува, и за брзо време, можеби во текот на неделава, треба да го добијат сите корисници.
Новиот дизајн на LinkedIn кој е помодерен опфаќа целосна промена на почетната страница која е многу едноставна, и лесно ќе можете да ја пронајдете информацијата што ја барате. Можеби дизајнот не е најоригинален и наликува по малку на мешавина од Twitter, Facebook и Google+, но корисничкото искуство е многу подобрено и сигурно ќе ги натера корисниците повеќе време да поминуваат на LinkedIn. Исто така, и сликите на содржините се зголемени и попрегледни, што значи дека би требало повеќе содржина да се споделува на мрежата, а и корисниците полесно ќе може да ја забележат најсподелуваната содржина.
И уште една новост за која веќе пишувавме, е можноста за брзо испраќање на приватни пораки до корисниците кои го погледнале вашиот профил. Повеќе информации можете да пронајдете на официјалниот LinkedIn блог, а во продолжение можете да го видите редизајнот што можеби веќе и сте го добиле.
