0 коментари 2 мин. читање 19 јули, 2012

Samsung и Apple по вторпат ќе се смируваат надвор од судот

Драмата меѓу овие две компании никако да престане. На вториот состанок помеѓу извршниот директор на Apple, Тим Кук, и претставниците од Samsungкој се одржа н 16 јули по наредбатаа на судот во САД, двете компании се обидоа да дојдат до заеднички договор надвор од судот.

Како што пренесува Korean Times, на состанокот имало неколку важни точки за дискутирање, а една од нив е тоа дека Samsung е многу важен бизнис партнер на Apple, бидејќи само во 2012 година тие им испорачале делови за уредите на Apple во вредност од 7,8 милијарди долари.

Втора точка на тој состанок била скоро донесената пресуда во Велика Британија во која се смета дека Samsung не ги копирал изгледите на iPad и iPhone, а за сето тоа од Apple ќе мора јавно да признаат.

Резултатите од преговорите треба да ги дознаеме за неколку денови кога е закажано новото судење кај судиката Луси Кох, која им нареди на компаниите заедно да се состанат.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top