0 коментари 2 мин. читање 18 јули, 2012

Сем Реми нема да го режира World of Warcraft филмот

Таман ќе подзаборавиме дека било кога се зборувало за World of Warcraft  филм, ќе се појави некоја вест која ќе не потсети и израдува дека ќе видиме епска филмска приказна со Трал и Алијансата. За жал и овојпат вестите не се добри. Режисерот Сем Реми нема да го режира филмот.  Причината е зафатеноста на г. Реми со друг проект Oz:TheGreatPowerful.

Сепак не е се толку трагично, една од причините поради кои режисерот е заменет е поради тоа што новиот проект ќе трае подолг период, а Blizzard сакале да започнат со снимање на филмот.

„Всушност не сум режисер на World of Warcraft повеќе од кога ја прифатив работата за Oz: The Great and Powerful. Мораа да изберат друг режисер. Мораа да почнат да го прават филмот.“, вели режисерот за CraveOnline.

Во својата изјава Сем Реми не обелодени кој е новиот режисер на Warcraft. На филмот работат Blizzard и Legendary Pictures, а продуценти се легендата на Blizzard, Крис Метзен и продуцентот на Batman, Чарлс Ровен. За жал сè уште е непозната датата на излегување на филмот, а се повеќе расте и сомнежот дека филмот ќе биде реализиран.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top