Африка сака да го подобри образованието со робот од 10 долари

0 коментари 1 мин. читање

AFRON (AfricanRoboticNetwork), распиша конкурс за дизајнирање на робот со прифатлива цена. За цена од околу десет долари инженери, студенти или робо-ентузијасти треба да изработат идејно решение за целосно функционален робот. Иако максималната цена од 10 долари е нереалистична дури и според идејните творци на конкурсот, целта е да се добие евтин робот кој ќе биде достапен во образованието на сиромашните држави во Африка.

„Очигледно дека 10 долари е многу… малку нереалистично, но сакавме да поставиме цена која ќе ги мотивира луѓето да размислуваат.“, вели професорот Кен Голдберг од Беркли за Wired.

Функцијата на прототипот не е важна, но важно е роботот да биде програмабилен и да може да се реагира на околната средина. Единствено што може да ги спречи учесниците во учество на конкурсот е ако деловите од кои е составен прототипот се поскапи од 100 долари.

Наградите од конкурост се симболични и се движат од 100 до 500 долари и Raspberry Pi за првите три места. Сепак главната цел на проектот е поквалитетно образование за поголем број на студенти во цела Африка.

(Фотографијата е од Робомак 2012)

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед