Google не знае како да потроши 50 милијарди долари, вели ко-основачот на PayPal

во Свет

На Fortune Brainstorm Tech конференцијата се разви интересна дебата на која се дискутираше дали технологијата ги подобрила нашите животи во последниве 30 години. Според поранешниот директор на Google, Ерик Шмит технологијата направила подобрување, додека пак ко-основачот на PayPal и влијателен инвеститор, Питер Тиел, го критикуваше дека Google има 50 милијарда долари во кеш, но не знае како да ги потроши бидејќи не знае како да иновира.

„Не знаете каде да ги инвестирате тие пари во технологија. Доколку живееме во технолошки свет и вие имате нула проценти каматна стапка, вие треба да бидете во можност да ги инвестирате сите тие пари и да ви се вратат неколку пати повеќе. Фактот е дека вие немате повеќе идеи.“, критикуваше г. Тиел.

Шмит се одбрани дека компанијата нема дефицит на бизнис модели, одговарајжи дека „тоа што вие сте го откриле во водењето на овие компании е дека парите не се ограничување. Има граници во регрутирањето, граници во недвижен имот, регулаторни граници“. Но г. Тиел, кој иако го пофали Google работи повеќе од другите со автоматизираните автомобили и други проекти, сепак остро врати дека повеќе не е технолошка компанија.

„Google е само пребарувач кој е развиен пред една декада… Затоа овие компании располагаат со толку пари, бидејќи не знаат што да прават со нив, но не сакаат да признаат дека повеќе не се технолошки компании“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk