Иноваторот на EyeTap Digital EyeGlass, Стив Ман вели дека вработени во McDonalds во Париз го нападнале поради дигиталните очила со проширена реалност кои ги носел, и дури се обиделе да му ги извадат од главата иако тие му се вградени во черепот.
EyeTap Digital EyeGlass системот на г. Ман e сличен систем како Google Glass, но направен e пред повеќе од декада. Налик на Glass, системот има екран пред десното око преку кој со „компјутерски контролиран ласер го контролира окото како да е камера и екран“. Сцените кои се прикажуваат на окото преку камерата, се прикажуваат и на компјутер кој е поврзан со системот кој прикажува дополнителни информации. Пример, ако следите натпревар, EyeTap може да прикаже статистика за одреден играч кој се набљудува.
Г. Ман носи, или поточно, има вградено разни верзии на очилата веќе 34 години како експериментален компјутерски систем за добивање информации со проширена реалност. Тој секогаш носи и документи од доктор со кои објаснува дека е потребно посебни алатки за да бидат извадени. Но, тој документ сега е искинат од вработени од McDonalds кои биле незадоволни што тој ги снима, иако, според г. Ман, ниту еден од чуварите или полицајците во некои јавни објекти кои ги посетил во Париз не му направиле проблеми. Интересно, можеби вработените во McDonalds не сакаа да бидат снимани, но системот на EyeTap автоматски направил неколку фотографии со кои можат сега да бидат идентификувани.
Дали нивниот страв е оправдан? Дали им е нарушена приватноста? Овие прашања очигледно дека бараат дискусија, но заклучокот е јасен, светот сè уште не е подготвен за иднина со очила за проширена реалност.










