1 коментар 2 мин. читање 19 јули, 2012

Nokia губи пари, ниту 4-те милиони продадени Lumia уреди не помагаат

Nokia веќе не е најголемиот производител на мобилни, ниту пак е сериозен играч на пазарот на паметни телефони. Напротив, гигантот кој еднаш ја предводеше мобилната револуција, сега губи пари и идеи за како да oстане конкурентен.

Според финансискиот извештај од вториот квартал, Nokia продаде 73 милиони уреди, од кои 4 милиони Lumia уреди кои работат на најновиот Windows Phone оперативен систем, или вкупно 10,3 милиони паметни телефони. Ова значи и дека сè уште се продаваат Symbian уреди, но Lumia уредите се адутот на Nokia кој треба да ги направи конкурентни со Android и iPhone телефоните.

Но, во последниот квартал Nokia вели дека изгубиле 1 милијарда долари, иако продажбите им донесоа 9 милијарди долари. Ова се големи загуби, иако, според финската компанија, транзицискиот период мора да се помине.

„Nokia презема акции да менаџира низ овој транзициски период. Додека вториот кваратал е тежок квартал, вработените во Nokia демонстрираат дека може да ја задржиме конкурентноста и да го подобриме нашиот модел. Третиот квартал ќе биде критичен…“, вели директорот на Nokia, Стефен Елоп.

Партнерството со Microsoft, кои исто како Nokia се трудат да бидат конкурентни на мобилинот пазар, сега за сега се покажува како неуспешно.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Гостин
Гостин
13 years ago

Јас сум корисник на нокиа телефон од 1995 година, почнувајќи од 3110 па наваму. Сеуште користам нокиа меѓутоа веќе како втор телефон за жал. Нивната гордост ги закопа. Барем еден телефон да Андроид да направеа мој избор ке беше пак Нокиа.

Мени
Заедница
Изглед
To top