Microsoft објаснува како ја дизајнираше тастатурата на допир за Windows 8

Нa својoт Building Windows 8 блог, Microsoft oбјасни како со ергономски и функционални тестови одреди како да изгледа новата тастатура на допир која ќе се користи на таблет компјутерите со Windows 8.

Според Microsoft, корисниците мора да можат да внесуваат текст брзо, скоро со иста брзина како што куцаат на физичка тастатура, да избегнуваат грешки, што значи помалку да бришат, што одзема време, и лесно да внесуваат текст земајќи ги во обзир околините каде ќе го користат уредот.

Прво што истражувачите направиле е да ги проучат трите највообичаени позиции како корисниците го држат таблет компјутерите, односно позициите кога се држи уредот со една рака, на колено додека се куца или со две раци. По тоа Microsoft ја одредува големината на копчињата и растојанието меѓу нив. Интересно, тоа што Microsоft откри е дека луѓето често менуваат позиции кога куцаат на таблет компјутер па позицијата на копчињата мора да одговара истовремено на сите позиции. Предизвик е секако тоа што се куца на стакло, па некако е потребно да се покаже моментот кога саканото копче е навистина притиснато. Тоа се прави со визуелна промена на копчето и звук.

Но, исто така е истражен и начинот како корисниците куцаат и каде гледаат. Најчесто корисникот гледа во позицијата на текстот каде се појавува знакот. Microsoft дизајнираше предлози за зборови кои се појавуваат на местото каде корисникот гледа за да го забрза куцањето. За жал, тие предлози се за англискиот јазик.

[youtube]idb8fQNjkac[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk