2 коментари 2 мин. читање 18 јули, 2012

YouTube претстави опција за замаглување на лица во видеaтa

Во изминативе две години видовме куп протести, инциденти и јавни прекршување на човековите права. Сите тие видеа ги видовме првин на YouTube, па потоа на телевизиските вести. Сфаќајќи дека се првото (и најлесното) место каде може да се закачи таков видео материјал, често сниман од мобилни телефони, YouTube се реши да понуди опција која ќе ја заштити приватноста на луѓето кои намерно или случајно се појавуваат на видеата.

Според YouTube и интернационалната организација за заштита на човековите права Witness, ниту еден сајт или производител на хардвер не нудат опција за да се замагли лицето и да се заштити идентитетот. Затоа овој потег на YouTube се гледа како одлично решение кое ќе ги охрабри луѓето да споделуваат содржина која јавно ќе разоткрие злоупотреби и малтретирања без страв дека некој да биде таргетиран за одмазда.

Затемнувањето на лицата се прави преку едитирање на Video Enchancement алатката. Отидете на Additional Features и кликнете на Apply копчето по Blur All Faces. Технологијата ќе ги затемни сите лица во нова копија од видеото, по што ќе добиете опција да го избришете оригиналот.

Но, бидејќи се работи за технологија која автоматски ги препознава и затемнува лицата, постои можност, поради светлината и аголот, некое лице да биде оставено видливо.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Анон
Анон
13 years ago

„оганизација“

Мени
Заедница
Изглед
To top