Скоро целиот свет има мобилен телефон во рака, се вели во истражување од Светска банка. Податоците ни откриваат дека над 75 отсто од светската популација има мобилен телефон, односно денес има околу 6 милијарди претплатници, што е огромен пораст од едната милијарда во 2000-тата година.
Тие шест милијарди претплатници само лани симнале 30 милијарди апликации. Ова го истакнува неверојатниот потенцијал на мобилниот пазар, но и ни покажува дека наскоро ќе зависиме многу повеќе од нашите уреди кои ќе ги користиме за се и сешто.
„Мобилната комуникација ни нуди големи можности за да го напреднеме човечкиот и економскиот развој – од обезбедување на пристап до информации за здравјето до плаќање, отварање на нови работни места, и стимулирање на граѓанските активности во демократскиот процес.“, вели потпретседателот за оддржлив развој на Светска банка, Рејчел Ките.
Г. Ките исто така нагласи дека предизвикот лежи кај земјите во развој, во која може слободно да се додаде и Македонија.
„Предизвикот сега е да им овозможиме на луѓето, бизнисите и владите во развиените земји да развијат свои локални мобилни апликации кои целосно ќе ги искористат овој потенцијал.“







