0 коментари 1 мин. читање

Nike си ги промовира патиките со Facebook игра

Друштвените мрежи се релативно нов простор за рекламирање, a начинот на кој компаниите ги претставуваат своите продукти станува се поинтересен. Пример за тоа се Nike кои претставија рекламна апликација која ги презентира патиките кои ги произведува.

Апликацијата е наречена Nike Shoe Boxxxx и е слична со поголем број на игри на друштвените мрежа. Почнувате со неколку пара патики кои ги менување со пријателите, но и со останатите играчи, и така ја зголемувате вашата колекција. Дневно добивате неколку пара патики кои можете да ги менувате со останатите играчи. Во текот на играњето можете да ги разгледувате патиките во вашата колекција, но и колекцијата на вашите пријатели.

Иако како игра Nike Shoe Boxxxx не е ништо особено, дури и за Facebook игра, ако ја гледаме ако интерактивна реклама апликацијата е одличен начин да се информирате за новите производи на Nike, но и за некои постари модели.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top