Вести

3.529 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Google Glass продолжува да се развива како Project Aura

Речиси да не дознавме ништо повеќе за изгасениот Project Glass, освен дека на девелоперите им беше проблем да креираат апликации за уредот со проширена реалност. Но, Google, поточно Alphabet по ново, се поготвува за следната верзија на уредот. Project Aura е продолжение на очилата за проширена реалност за кој од компанијата се надеваат дека ќе […]

0 коментари Прочитај 18 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Хак-атак/Приватност

Дали енкриптираните сервиси за комуникација им помагаат на терористите?

Иако нема цврсти докази, сепак постои сомневање дека терористичките организации користат енкриптирани сервиси за комуникација и организирање на напади како тој во Париз. Дел од државите побараа од девелоперите и производителите помош и алатки со кои ќе можат да го надгледуваат сообраќајот, но ова веќе се претвора во проблем со приватноста. Барањето посебно се однесува […]

3 коментари Прочитај 18 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

Google стана малку попаметен; разликува суперлативи и одговара на прашања

Google е подобар од било когa. Пребарувачот го усоврши препознавањето на прашањата кои му ги поставуваме, надградувајќи го постојниот Knowledge Graph. Но, иако секој човек ќе ви го разбере прашањето, ова не е случај и со компјутерите. Всушност креирање на семантички пребарувач кој ќе ја разбере суштината на тоа што го прашувате е проблем за […]

0 коментари Прочитај 18 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Свет

Oxford Dictionary прогласи емотикон за „збор на годината“

За првпат Oxford Dictionaries за збор на годината избра емотикон. „Лик со солзи радосници“ е изборот на Oxford за збор на 2015 година, и според организацијата, причината зошто токму овој емотикон е избран е бидејќи во светски рамки е најчесто користен. На него отпаѓа дури 20 отсто од сите користени емотикони во Британија и 17 […]

0 коментари Прочитај 18 ноември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хак-атак/Приватност

„Ќе ве гониме до крај!”: Anonymous објави листа на наводни екстремисти поврзани со ISIS

Хактивистите Anonymous им објавија војна на Исламска држава (ISIS) објавувајќи имиња на наводни екстремисти кои се поврзани со терористичката организација. Гневни поради нападот врз Париз во кој загинаа 129 лица, хактивистите објавија листа на профили и сајтови на наводни екстремисти, во обид да ги срушат или преземат. Целта е да се посрами ISIS, иако операцијата […]

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Софтвер

GG.mk S02E06: Ако ги споите Fallout, Starcraft и CoD, ќе експлодира светот!

Ах, есен! Доаѓаат празници и стартува нова гејминг сезона, која веќе има фантастични наслови предводени од Fallout 4, нова екстензија на Starcraft и нова Call of Duty: Black Ops 3. Овие игри се толку добри и толку профитабилни што ако некој ги спои, ќе експлодира светот, вели Гораст од GG.mk, единствената македонска емисија за игри […]

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Tesla Motors добива конкуренција поддржана од кинески милијардер

Tesla Мotors го доби својот најголем конкурент, и овој пат конкуренцијата е финансирана од кинески милијардер. Калифорниската компанија Faraday Future која стартуваше пред само 18 месеци, планира наскоро да го објави својот прв електричен автомобил. Компанијата има поддршка од Џиа Јуетинг, кинески милијардер кој стои зад LeTV – кинеската верзија на Netflix, а неодамна се […]

1 коментар Прочитај 17 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Совети

ИТ настан: Girls in Tech Macedonia ве водат на платени пракси во Силициумската долина

Girls in Tech Macedonia, глобалната организација која сака да ги мотивира девојките поактивно да се вклучат во ИТ индустријата, најави дека влезе во соработка со Silicon Valley Internship Programme (SVIP) со што ќе им овозможи на девојки-членки на организацијата да одат на платени пракси во компании сместени во Силициумската долина. Станува збор за работни позиции […]

4 коментари Прочитај 17 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

ИТ настан: Започна втората сезона на македонската Dota 2 лига

Македонската е-спорт заедница конечно е пораздвижена. Главна причина за ова се момците од Dota2MK кои ја најавија втората сезона на македонската Dota 2 лига. Новата сезона има промени, па наместо досегашните две лиги сега ќе има само една лига со 18-тима кои ќе се натпреваруваат во бодови освоени со победи и нерешени резултати. По завршувањето […]

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Мобилни

Google ќе го индексира Facebook за мобилно пребарување

Google и Facebook можеби се сериозна конкуренција меѓу себе, борејќи се за вашето внимание, но кога е во прашање пребарувањето, компаниите пронајдоа заеднички јазик. Google доби дозвола од најголемата друштвена мрежа да започне со мапирање на податоците од мобилната апликација, јави Wall Street Journal. Ова значи дека при мобилно пребарување, Google ќе може да ги […]

1 коментар Прочитај 17 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Apple никогаш нема да направи хибриден лаптоп, вели Тим Кук

Apple нема намера да креира хибриден лаптоп, кој би бил комбинација од iPad и Mac, вели директорот Тим Кук. Компанијата смета дека доволно ги познава своите корисници и дека нема да има интерес од вакви уреди во блиска иднина. „Убедени сме дека корисниците не бараат спој на iPad и Mac. Она што не загрижува е […]

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Свет

Стартапите во Албанија нема да плаќаат даноци

Можеби македонските власти се фалеа со бизнис извештаи, но реалноста е дека земјава заостанува зад сите други кога е во прашање иновацијата. Наместо да се фали со извештаи кои беа оспорени, Македонија треба да го следи примерот на Албанија која се реши да ги поддржи локалните стартапи и иновативни компании со неплаќање на данок. Премиерот […]

2 коментари Прочитај 17 ноември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

AllWeb уште еднаш покажа дека е конференција за нови идеи

Тоа што ја прави AllWeb 2015 успешна конференција, е што секој пат успева да ме научи нешто ново. И оваа, четврта година AllWeb имаше гости кои ве принудуваа да размислувате за иднината на маркетингот пред кој се највозбудливите промени до сега. Може да ги издвојам Дејв Бирс од TheDrumStudios и Пол Пападимитроу oд Intelligencr кои […]

6 коментари Прочитај 16 ноември, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

BkVF го организира најголемиoт балкански стартап натпревар; пријавете се!

Стартапи, ако барате шанса, тогаш може да ја имате на сцената на Balkan Venture Forum (BkVF), кој за првпат ќе се одржи во Загреб, на седмото издание од своето постоење. Целта на BkVF е да помогне во создавањето на повеќе бизниси и остварување на лични контакти во рамките на индустријата. Конференцијата на BkVF во Хрватска […]

0 коментари Прочитај 16 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Свет

Марк Закерберг објасни зошто Facebook има алатки за Париз, но го заборави нападот во Бејрут

Викендов се случи еден од најужасните терористички напади врз европска држава. Во Париз беа убиени над 130 луѓе и уште стотина се ранети по неколку бомбашки напади од терористи кои француските власти ги поврзуваат со Исламската држава. За време на нападот, најголемите дебати се водеа на друштвените мрежи, од коментари со емпатија, до ужасни коментари […]

0 коментари Прочитај 16 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Совети Софтвер

Децата можат да учат програмирање со Star Wars

Code.org во соработка со Disney и Lucasfilm ќе се обидат да ја искористат популарноста на Star Wars и да го приближат програмирањето до децата. Во новиот Hour of Code најмладите во друштво на Принцезата Леа и Реј од филмовите ќе можат да учат или вежбаат програмирање. „Една од најважните работи за нас е да ја […]

0 коментари Прочитај 16 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ретро Свет

Кој ќе ја плати казната ако автономно возило направи прекршок?

Mинатата недела полицијата во Калифорнија го сопре автономното возило на Google поради пребавно возење и блокирање на сообраќајот. Но, освен што беше малку комична ситуација за Google, сепак ова отвори интересна тема – кој ќе ја плати казната во случај на прекршок на автономните возила? Во моментов ова прашање не е премногу сериозно, со оглед […]

0 коментари Прочитај 16 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Хак-атак/Приватност

Gmail ќе ве извести ако добиете порака од незаштитени конекции

Gmail наскоро ќе ги предупредува корисниците кога имејл пораките пристигаат преку некриптирана врска, јави TechCrunch. Со оглед на опасноста од испратените пораки преку небезбедни канали, како на пример, прислушување од NSA и другите власти, спамови и други измами, податокот дека само 57 отсто од поштата кон Gmail е криптирана не изгледа импресивно. Но, енкриптирана електронска […]

0 коментари Прочитај 16 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Аpple се извини за расистичкиот испад на свој вработен

Имиџот на Apple беше сериозно нарушен во Австралија откако вработен во Apple Store беше обвинет за расизам. Вработениот е снимен на видео додека ги брка црномурестите ученици, бидејќи му е страв дека ќе украдат нешто од продавницата. Проблемите започнаа кога еден од од учениците го сподели видеото во кое од шестте ученици се бара да […]

0 коментари Прочитај 13 ноември, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

Firefox официјално е достапен за iPhone, iPad и iPod

Мобилниот Firefox конечно им е достапен и на корисниците на iOS. Тест верзијата е достапна од септември, но веќе и официјално сите сопственици на iPhone, iPad или iPod Touch можат да ја преземат. Конкуренцијата на прелистувачи е голема и во App Store, иако во споредба со десктоп конкуренцијата е значително помала. Најголеми конкуренти на Firefox […]

0 коментари Прочитај 13 ноември, 2015
Мени
Заедница
Изглед